Прејди на содржината

Абдукција (логика)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Организатор играчите користат киднапирање за да ги заклучат тајните бои (горе) од резимеа (долу лево) за несовпаѓање на нивните претпоставки (долу десно) .

Абдукција - (од латински abducere = одведе), е силогистичко заклучување во кое мајор е сигурен но од кое не се изведува сигурен заклучок поради несигурноста на минор. Абдукцијата ги назначува обопштените хипотези или идеи кои дедукцијата ги развива, а индукцијата докажува или побива.

Абдукцијата, за разлика од индукцијата и дедукцијата, не доведува до сигурен заклучок. Аристотелов пример за а. е: знаењето може да се поучува (сигурен мајор); правдата е некое знаење (веројатен минор); значи, правдата може да се поучува. Абдукцијата е вид хипотетичко заклучување кое се темели врз претходното искуство. Користењето на таквото заклучување се оправдува со тоа што често тоа е единствениот можен начин за одредување на рационалното однесување во иднина и толкување на нови феномени. Соодветствува на грчкиот израз άπαγωγή.

Поврзано

[уреди | уреди извор]