Алфред Тарски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алфред Тарски во 1968 година.

Алфред Тарски (полски: Alfred Tarski) (14 јануари 1901, Варшава - 26 октомври 1983, Беркли) — полски математичар и логичар, автор на значајни студии од делот на математичка логика, математика, општа алгебра, теорија на множествата, и геометријата. Студирал руски, германски, француски, грчки и латински. На штотуку отворениот Варшавски универзитет во 1918 година почнал со студиите по биологија.

Докторирал на Варшавскиот универзитет во 1924 година. Од 1925 до 1939 година бил доцент на Варшавскиот универзитет, каде што држел предавања по математика и логика. Во 1939 година емигрирал во Америка. На Универзитетот во Калифорниjа во Беркли станал професор во 1949 година. Автор на семантичката дефиниција на вистината која е по него онтолошки и гноселошки неутрална и одговара на интуитивната смисла на класичната Аристотелова дефиниција за вистината.

Во 2000 г. Меѓународниот астрономски сојуз името Алфред Тарски му го дала на планетоидот откриен во 1997 година.