Алешандре Пато
Алешандре Пато | ||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лични податоци | ||||||||||||
Полно име | Алешандре Родригес да Силва | |||||||||||
Роден на | 2 септември 1989 | |||||||||||
Роден во | Пато Бранко, Парана, Бразил | |||||||||||
Висина | м[1] | 1,79|||||||||||
Позиција | напад | |||||||||||
Клупски податоци | ||||||||||||
Сегашен клуб | ФК Коринтијанс | |||||||||||
Број | 9 | |||||||||||
Младинска кариера | ||||||||||||
2000–2006 | Интернационал | |||||||||||
Кариера* | ||||||||||||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) | |||||||||
2006–2007 | Интернационал | 10 | (6) | |||||||||
2007–2012 | ФК Милан | 117 | (51) | |||||||||
2013–2016 | ФК Коринтијанс | 0 | (0) | |||||||||
2014-2015 | Саун Пауло | 59 | (19) | |||||||||
2016 | Челзи | 2 | (1) | |||||||||
2016–2017 | Виљареал | 14 | (2) | |||||||||
2017– | Тијанџин | 18 | (1) | |||||||||
Репрезентација ‡ | ||||||||||||
2007 | Бразил U20 | 12 | (8) | |||||||||
2008 | Бразил U23 | 6 | (2) | |||||||||
2008– | Бразил | 12 | (4) | |||||||||
Успеси
| ||||||||||||
* Ажурирано на: 4 март 2012 ** Ажурирано на: 9 февруари 2011 |
Алешандре Родригес да Силва (португалски: Alexandre Rodrigues da Silva) (роден на (роден на 2 септември 1989 во Пато Бранко, Парана), попознат како Алешандре Пато (Alexandre Pato), е бразилски фудбалски напаѓач.
Детство
[уреди | уреди извор]Александре Пато започнал да игра мал фудбал (футсал) на 4 години. Многу брзо стекнал огромни вештини, по што е прогласен за најдобар млад играч во јужната бразилска држава Парана. Уште од млад за него се интересираат многу менаџери. Најпрвин се преселил во Порто Алегре од каде што се надева дека ќе заигра за неговиот омилен клуб од детството ФК Гремио. Но неговите родители не се задоволни од тоа, па одлучуваат да го испратат во Интернасионал. Таму, тој на 11 годишна возраст со уште 83 момчиња заиграл за младинскиот состав на Интернационал.
На 10 години во неговата рака е регистриран тумор, со опасно канцерогено влијание што може да доведе до ампутација на раката. Неговите родители немале пари за операцијата, меѓутоа нивниот пријател, хирургот Пауло Роберто Муси го оперирал бесплатно.
Кариерата во Интернационал
[уреди | уреди извор]Пато својата професионална кариера ја започна во ФК Интернационал од Порто Алегре каде што играше од 2001 до 2007. Тој дебитирал на натпреварот против ФК Палмеирас на 26 ноември 2006 со само 17 години и постигнал едн гол и асистирал во постигнувањето на останатите три во победата против Палмеирас со 4-1.
На 13 декември 2006 година Пато постигна гол во победата на ФК Интернационал против ФК Ал-Ахли од Каиро во полуфиналниот натпревар од Светското клупско првенство во фудбал, а со тоа придонесе за победата на Интернационал со 2-1 и пласман во финалето каде што ФК Интернационал го пообеди ФК Барселона со 1-0 и стана Светски клупски првак во фудбал. Со овој гол од полуфиналето, Пато стана најмладиот стрелец во едно фудбалско натпреварување на ФИФА (17 години и 102 дена) со што го сруши рекордот на Пеле од 17 години и 239 дена. Пато исто така стана и најмладиот освојувач на едно фудбалско натпреварување организирано од ФИФА.
По овие игри Пато беше баран од многу силни европски клубови како Бенфика, Јувентус, Челзи, Интер, Арсенал, но сепак заврши во Милан.
Милан
[уреди | уреди извор]Како нов играч на Милан, Пато им беше претставен на новинарите на 2 август 2007, а од ФК Интернасионал беше купен за 22 милиони евра. Пато многу добро се вклопи во Милан, а првиот гол го постигна на ремито на Милан со ФК Динамо Киев од 2-2 на 7 септември 2007. Неговиот трансфер официјално беше завршен на 4 јануари 2008.
Првиот гол во Серија А тој го постигна во победата на Милан против ФК Наполи од 5-2 на 13 јануари 2008 година, а потоа започна да постигнува и други погодоци, а првиот гол со глава во Серија А го постигна во победата на Милан против Реџина од 5-1 на 20 април 2008.
Коринтијанс
[уреди | уреди извор]Пред крајот на 2012 година потпишал за ФК Коринтијанс.
Репрезентација
[уреди | уреди извор]Пато како талент е сигурен напаѓач на бразилската фудбалска репрезентација на претстојните ЛОИ во Пекинг.
Тој првиот гол за сениорската репрезентација на Бразил го постигна на 26 март 2008 против репрезентацијата на Шведска на стадионот Емирејтс во Лондон.