Џорџ Вашингтон
Џорџ Вашингтон | ||
Роден | Џорџ Вашингтон 22 февруари 1732 Вестморленд, САД | |
---|---|---|
Починал | 14 декември 1799 Монт Вернон, САД | |
Познат | американски револуционер и претседател | |
Занимање | фармер и војник | |
Сопружник | Марта Дендриџ Кустис Вашингтон |
Џорџ Вашингтон (22 февруари 1732 – 14 декември 1799) бил првиот американски претседател од 1789 до 1797.
Вашингтон бил командант на силите во Северна Америка кои во 1774 година востанале против британската власт.
Востаниците протестирале против обврската да плаќаат големи даноци на лондонската влада, а самите немале претставник во Британскиот парламент кој ги донел тие закони.
Во таа војна за ослободување, Џорџ Вашингтон успеал да ги совлада британските владини сили и ја присилил Велика Британија да им ја признае независноста на Соединетите Американски Држави, што веќе официјално била прогласена на 4 јули 1776 година.
Чистата кариера на Вашингтон и неговите решавачки воени успеси биле такви што Американците воопшто не се двоумеле кога дошло времето кого да изберат за прв претседател. Тој останал на функцијата во текот на два мандата, а денес меѓу Американците е познат како „татко на нацијата”.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија за САД е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|