Grand Theft Auto IV

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Grand Theft Auto IV
Изработувач(и) Rockstar North
Rockstar Toronto (PC)[1]
Издавач(и) Rockstar Games
ЈПCapcom[2]
Дистрибутер Take-Two Interactive
Серијал Grand Theft Auto
Погон RAGE
Euphoria[3]
Подлоги PlayStation 3
Xbox 360
Windows[4]
Датум на издавање PlayStation 3, Xbox 360
29 април 2008
Microsoft Windows
СА 2 декември 2008[5]
ЕВР 3 декември 2008[6]
Жанр(ови) Акција
Режим(и) Самостоен
групен
Медиум Блу-Реј диск, ДВД
Начин на
контролирање
PlayStation 3 и Xbox 360
џојстик
Windows
Тастатура, глувче, џојстик (како можност)

Grand Theft Auto IV (скратено GTA IV) е акциско-авантуристичка видеоигра изработена од Rockstar North[7]. Ова е деветтата игра од овој серијал, и прва од таканаречената четврта генерација. Grand Theft Auto IV беше реализирана на 29 април, 2008 за конзолите PlayStation 3 и Xbox 360, а на 2 декември, 2008 и за личен сметач.

Дејствието на играта е сместено во измислениот град Либерти Сити кој е точна копија на модерен Њујорк. Главен протагонист е Нико Белиќ, воен ветеран од неопределена држава во Источна Европа[8] кој доаѓа во Либерти Сити во потрага по подобар живот, но брзо станува опкружен со гангстерските банди, криминалот, и корупцијата. Како и другите игри во серијалот, и во оваа главни елементи се возењето автомобили, и огнените престрелки во трето лице. Исто така, оваа игра ви нуди отворен свет за истражување, и опуштен живот без извршување на мисиите кои ви се дадени. Оваа игра ви дава многу поголема контрола над играчот за разлика од другите игри, но и Мултиплеер мод, кој ви овозможува да се натпреварувате во една од петнаесетте дициплини заедно со петнаесет други играчи.

Големата промотивна кампања, и големиот успех на претходните игри, и донесе голема продажба на оваја игра која само првиот ден беше распродадена во 3.6 милиони примероци што донесе голема бруто добивка на производителите која изнесуваше повеќе од 500 милиони долари само за првата недела од продажбата. GTA IV доби многу позитивни критики од критичарите, и од повеќе познати интернет страни за видеоигри беше прогласена за најдобра игра за сите времиња.

Стил на играње[уреди | уреди извор]

Според структурата, Grand Theft Auto IV е слична на претходните игри од серијалот. Играњето се состои од елементи на пукање во трето лице и возење, барајќи на играчот голема отворена површина за движење. Без тренспортно средство, ликот е способен за одење, трчање, пливање, прекачување, и скокање, како и користење оружја, но и тепање со "голи раце". Играчите исто така можат да крадат и да користат возила, вклучувајќи автомобили, бродови, хеликоптери и мотоцикли.

Отворената, неограничена околина, како и големиот избор на опции (возење, одење во театар, гледање телевизија, одење во интернет-кафе...) му дозволува на играчот да одбере дали сака да ја следи приказната и да извршува мисии или да ги истражува многуте локации, возила и работи за правење. Иако мисиите се потребни за да отклучат одредени предности и места на мапата, тие не се неопходни за извршување, и играчот може да ги изврши кога и да сака. Кога не ја следат приказната, играчите се слободни да се шетаат низ цела мапа, да влегуваат во одредени згради (со извршувањето на мисиите овој број се зголемува), да крадат возила или да убиваат луѓе. Но ако играчот направи преголем неред, полицијата започнува да го брка, ако поголем неред е направен, посилна и поопремена полиција ќе ве брка.

За прв пат во некоја игра од овој серијал, играчот може да одбере како ќе постапи во некоја мисија (на пример, дали да убие некого или да го остави жив, или пак дали да влезе во некој објект и сите да го видат или полека и тивко да ги убие сите, без никој да забележи). Оваа игра има два краја на приказната, а за кој крај ќе го добие одреден играч, ќе се одразат неговите одлуки во минатите мисии. Од секоја одлука на ликот зависи последната мисија која ќе ја добие, како и судбината на некои ликови.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Робинсон, Мартин (2008-10-30). "Grand Theft Auto IV UK Hands-on". IGN (UK). конс. 2008-10-30. 
  2. Tanaka, John (2008-04-22). "GTAIV Heads to Japan". IGN. конс. 2008-04-25. 
  3. Бојер, Брендон (2007-06-29). "Product: Grand Theft Auto IV Using NaturalMotion's Euphoria". Gamasutra. CMP Game Group. конс. 2008-04-03. 
  4. Rockstar Games (6 август 2008). "Rockstar Games Announces Grand Theft Auto IV for the PC". Соопштение за печат.  посет. 6 август 2008 г
  5. Тенг, Џими (2008-10-30). "GTA IV PC Delayed to December". IGN. конс. 2008-10-30. 
  6. Бремвел, Том (10 ноември, 2008). "Grand Theft Auto IV Hands-on". EuroGamer. конс. 2008-11-10. 
  7. "Grand Theft Auto IV: GamePro is the first to play the biggest game of 2008," GamePro 235 (April 2008): 50-51.
  8. Crispin Boyer. Sweet Land of Liberty. „Electronic Gaming Monthly“: 44–56. „He's from that gray part of broken-down Eastern Europe, a war-torn area -Сем Хаузер“. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: