Издавач на видеоигри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Издавач на видеоигри е компанија што издава видеоигри што ги изработила самата или некој друг изработувач на видеоигри.

Исто како кај издавањето на книги или ДВД филмови, издавачите на видеоигри се одговорни за изработка и промовирање на нивните производи, што подразбира и истражување на пазарот и рекламирање.

Обично самите ја финансираат изработката, некогаш со плаќање на изработувач на видеоигри (тоа се нарекува „надворешна изработка“), а некогаш „внатрешно“ ги изработуваат игрите, со свое „студио“. Големите издавачи сами ги дистрибуираат игрите што ги издаваат, додека помалите издавачи плаќаат надворешни дистрибутери (или поголеми издавачи на видеоигри) да ги дистрибуираат игрите што ги издаваат.

Други функции што ги вршат издавачите се одлучување дали ќе плаќаат за лиценци за игрите, локализација, дизајни на омоти и кутии, штампање, а понекогаш и пишување на упатства за користење.

Позначајни издавачи на видеоигри[уреди]

Ова е список на 20-те најголеми издавачи, рангирани од страна на Game Developer во октомври 2009 година, по редослед на поени во шест главни полиња.[1]

Место од 2009 г. Име на издавачот Место од 2008 г.
1 Јапонија Nintendo 1
2 САД Electronic Arts 2
3 САДФранција Activision Blizzard 3
4 Франција Ubisoft 4
5 САД Take-Two Interactive 6
6 ЈапонијаСАД Sony Computer Entertainment 5
7 САД Bethesda Softworks 999n/a (new entry)
8 САД THQ 8
9 Јапонија Square Enix 10
10 САД Microsoft 9
11 Јапонија Konami 11
12 Јапонија Sega 7
13 Јапонија Capcom 14
14 САД MTV Games 999нема податоци
15 Јапонија Namco Bandai 13
16 САД Warner Bros. Interactive 999нема податоци
17 САД Disney Interactive 16
18 Франција САД Atari 999нема податоци
19 Јапонија Atlus 999нема податоци
20 САД LucasArts 17

Наводи[уреди]

  1. Game Developer“ (CMP Media LLC), 6 октомври, 2009, http://www.gamasutra.com/php-bin/news_index.php?story=25506