Акциона игра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Акциона игра е жанр на видеоигри во кој се изразуваат физичките предизвици, најчесто брзи рефлекси и координација на рацете и очите. Овој жанр содржи разновидни поджанрови како тепачки игри, пукачки игри и платформски игри.

Во акционите игри, играчот обично управува аватар на протагонистот. Аватарот мора да оди низ нивоа во играта, собирајќи предмети, избегнувајќи препреки и борејќи се со непријатели со разни напади. Во повеќето игри, на крајот на секое ниво или на група од нивоа, играчот мора да победи „главен“ непријател (најчесто нарекуван само со изразот „главен“), кој е поголем и потежок од другите непријатели. Непријателските напади и препреки го исцрпуваат животот на аватарот и играта завршува кога играчот ќе ги изгуби сите животи. Некои игри се непобедливи и имаат бесконечен број на нивоа, а целта на играчот е да собере што повеќе поени со собирање на предмети и победување непријатели.

Дефиниција[уреди]

Акционите игри бараат од играчите да завршат низа од нивоа со различни тематики.

Акциониот жанр подразбира игри каде што повеќето предизвици се физички тестови на способности. Понекогаш содржат и други предизвици, како трки, умствени предизвици или собирање предмети, но тие не се главни за жанрот. Понекогаш има и временско ограничување и нема време за сложено стратешко планирање. Обично побрзите акциони игри се потешки. Понекогаш содржат и умствени предизвици, но тие се обично прилично едноставни, бидејќи играчот е под огромен временски притисок.[1]

Наводи[уреди]

  1. Ролингс, Ендру; Ернест Адамс (2006). „Fundamentals of Game Design“. Prentice Hall. http://wps.prenhall.com/bp_gamedev_1/54/14053/3597646.cw/index.html.