Акциско-авантуристичка игра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Акциско-авантуристичка игра е видеоигра што спојува својства од авантуристичкиот жанр и акционите игри. Веројатно е најширокиот и најразновиден жанр во видеоигрите и содржи многу игри што може да се сместат во потесни поджанрови. Првата позната игра од овој жанр е Adventure (1979) за Atari 2600.[1]

Делот „авантуристичка“ од изразот „акциско-авантуристичка игра“ не се однесува на тематиката на играта (како на пример во авантуристичките филмови), туку на начинот и стилот на играње. Слично и делот „акциона“ (односно „акциско-“) не мора да значи дека играта содржи насилни дејствија (како тепање), туку дека играта воглавно содржи физички предизвици, како брзи рефлекси и добра координација.

Бидејќи акциско-авантуристичкиот жанр е мешан жанр, игрите од овој жанр содржат и физички и умствени предизвици, без разлика дали има и насилство.

Некои истражувања покажуваат дека машките повеќе уживаат во акциско-авантуристичките игри од женските.[2][3]

Наводи[уреди]

  1. Волф, Марк Џ. П.; Перон, Бернард, уред-ци (2003). „Foreward“. „Video Game Theory Reader“. Routledge. стр. x. ISBN 0-415-96878-0. http://books.google.com/books?id=PurLg5KfPioC&printsec=frontcover#PPR10,M1. 
  2. Хитер, Кери; Kaitlan Chunhui Chu, Rhonda Egidio, Punya Mishra, Leigh Graves-Wolf (ноември 2004) (PDF). „Do Girls Prefer Games Designed by Girls?“. Michigan State University. ст. 3–4. http://spacepioneers.msu.edu/girls_as_designers_spring_survey.pdf. конс. 5 февруари 2009. 
  3. Вортела, Елен (септември 2002). „New Generations – New Media“ (PDF). „Nordicom Review“ (Гетеборг, Шведска: Nordicom) 23 (1-2): 26. ISSN 1403-1108. http://www.nordicom.gu.se/common/publ_pdf/42_023-036.pdf. конс. 5 февруари 2009.