Авантуристички филм

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Авантуристички филм е филмски жанр.[1] За разлика од акционите филмови, авантуристичките филмови често користат акциони сцени по можност да покажат и истражат егзотични места на енергичен начин.[2] Во авантуристичките филмови местото на случување може да биде џунгла, планина, остров, океан, град или пустина; ликовите може да се во потрага по изгубен континент или богатство или пак да се на херојско патување кон непознато. Авантуристичките филмови често се одвиваат во одреден временски период и може да вклучуваат адаптирани приказни од историски или фикциони авантуристички херои во рамките на историскиот контекст. Кралеви, монархии, битки, побуни или пиратство често се гледаат во авантуристичките филмови.[3] Овие филмови исто така можат да бидат комбинирани со други филмски жанрови, како на пример со научна фантастика, фантазија и хорор.

Историја[уреди | уреди извор]

Авантуристичките филмови го достигнале својот врв на популарност во Холивуд во 1930-те и 1940-те години, кога во филмовите како Капетан Блад, Авантурите на Робин Худ и Знакот на Зоро глумеле големи филмски ѕвезди, како Ерол Флин и Тајрон Пауер, кои често биле поврзувани со овој жанр. Во исто време, серијалите што биле прикажувани во сабота наутро често користеле исти тематски елементи како високо буџетните авантуристички филмови. Во почетоците на авантуристичките филмови, протагонистите главно биле од машкиот пол. Овие херои биле храбри и често се спротиставувале на тирани. Во неодамнешните авантуристички филмови покрај машки протагонисти се појавуваат и жени, како на пример Лара Крофт.[4]

Популарни концепти[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]