Пиратите од Карибите (филмски серијал)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Пиратите од Карибите“
Pirates box set.jpg
„Пиратите од Карибите“ трилогија
Режисер Гор Вербински
Продуцент Џери Брукхајмер
Сценарист Тед Елиот
Тери Росио
Настапуваат Џони Деп
Орландо Блум
Кира Најтли
Џефри Раш
Џек Девенпорт
Бил Наји
Том Холандер
Стелан Скарсгард
Наоми Харис
Џонатан Прајс
Дистрибутер Walt Disney Pictures
Премиера 2003 – сѐ уште
Времетраење 600 минути (1-4)
Држава Flag of the United States.svg САД
Јазик англиски
Буџет Вкупно (5 филмови):
$1.364 милијарди
Бруто заработка Вкупно (4 филмови):
$3,729,577,967

Пиратите од Карибите е серијал од филмови продуцирани од Џери Брукхајмер засновани на истоимениот тематски забавен парк на Волт Дизни. Како режисери на серијалот се јавуваат Гор Вербински (13), Роб Маршал (4) и Јоаким Ронинг и Еспен Сандберг (5). Приказната ги следи авантурите на Џек Спароу (Џони Деп), Вил Тарнер (Орландо Блум) и Елизабет Свон (Кира Најтли). Ликови како Хектор Барбоса (Џефри Раш) и Џошами Гибс (Кевин Мекнали) ги следат Џек, Вил и Елизабет во текот на филмовите. Во четвртиот филм играле Сем Клафлин (како Филип Свифт) и Астрид Берже-Фрисби (како Сирена), додека во петтиот филм ќе играат Брентон Твејтс и Каја Скоделаријо. Местото на случување во филмовите е измислено историско место; свет раководен главно од алтернативни верзии на Британската империја, Источноиндиската компанија и Шпанското Царство, а пиратите ја означуваат слободата од владеачките сили.

Првиот филм во филмскиот серијал кој бил издаден во 2003 година под името Пиратите од Карибите: Проклетството на црниот бисер се здобил со позитивни критики и заработил 654 милиони долари во светски рамки.[1] По успехот на првиот филм, од Walt Disney Pictures изјавиле дека се подготвува трилогија. Вториот филм во франшизата, насловен Пиратите од Карибите: Ковчегот на мртовецот, бил издаден во 2006 година; продолжението се покажало како успешно, соборувајќи финансиски рекорди на денот на премиерата. Ковчегот на мртовецот бил филм со најголема заработувачка во годината заработувајќи речиси 1.1 милијарда долари до денес. Третиот филм во серијалот, насловен Пиратите од Карибите: На крајот на светот, бил издаден во 2007 година. Четири години подоцна, во 2011 година, Disney издале четвртти филм, Пиратите од Карибите: На чудни плими, кој исто така заработил над 1 милијарда долари,[1] станувајќи вториот филм во серијалот и само осми филм во историјата кој ја преминал границата од 1 милијарда долари.

Досега филмскиот серијал заработил 3.73 милијарди долари во светски рамки;[1] што го прави единаесетти серијал по големина на заработувачка и прв во која повеќе од еден филм заработил над 1 милијарди долари во светски рамки.

Петти филм, насловен Пиратите од Карибите: Одмаздата на Салазар, ќе биде издаден на 26 мај 2017 година.[2]

Од горе надоле: Џони Деп, Орландо Блум и Кира Најтли ги играле главните улоги. Деп глуми во сите пет филмови, Блум во првите три и се враќа во петтиот филм, додека пак Најтли само во првите три.

Филмови[уреди | уреди извор]

Проклетството на црниот бисер (2003)[уреди | уреди извор]

Ковачот Вил Тарнер се здружува со ексентричниот пират Капетан Џек Спароу за да ја спаси својата девојка Елизабет Свон од пиратите предводени од поранешниот прв офицер на Џек, Хектор Барбоса. Џек сака да му се одмазди на Барбоса, кој го оставил заробен на остров пред да го украде неговиот брод, Црниот бисер, заедно со 882 парчиња од проколнатото ацтетско злато.

Ковчегот на мртовецот (2006)[уреди | уреди извор]

Лордот Катлер Бекет ги апси Вил и Елизабет поради помагање на Капетанот Џек Спароу во претходниот филм. Бекет нуди помилување доколку Вил се согласи да го пронајде компасот на Џек со цел да го најде ковчегот на мртовецот – и внатре, срцето на подлиот Дејви Џонс – кое ќе му даде контрола на Бекет врз морињата. Сепак, Џек го сака ковчегот за да избега од неплатениот долг со Џонс, кој пред 13 години го направил Џек капетан на Црниот бисер во замена за 100 години служење на бродот на Џонс, Летечкиот холанѓанец.

На крајот на светот (2007)[уреди | уреди извор]

Лордот Бекет стекнува сила над Дејви Џонс и со помош на бродот Летечкиот холанѓанец, ги спроведува своите планови за уништување на пиратството засекогаш. За да се изборат против Источноиндиската компанија за тргување на Бекет и Џонс, екипажот на Црниот бисер заедно со Вил, Елизабет и Вил заминуваат да го спасат Капетанот Џек Спароу од сандакот на Дејви Џонс. Како еден од деветте пиратски лордови, Џек е потребен за да можат да ја ослободат божицата на морето која има моќ да ги порази силите на Бекет.

На чудни плими (2011)[уреди | уреди извор]

Капетанот Џек Спароу е на мисија да ја пронајде легендарната Фонтана на младоста и вкрстува патишта со поранешна стара љубов, Анџелика. Таа го носи Џек на бродот Одмаздата на Кралицата Ен, брод кој го води озогласениот пират Црнобрадест, таткото на Анџелика. Двајцата исто така се во потрага по фонтаната; Анџелика за да ја спаси душата на нејзиниот татко, а Црнобрадест за да избега од пророштво за неговата смрт. На потрагата се приклучува и поранешниот пират, Капетан Барбоса, сега гусар во морнарицата на Кралот Џорџ II кој е во трка со шпанците за Фонтана на младоста.

Одмаздата на Салазар (2017)[уреди | уреди извор]

Прифаќање[уреди | уреди извор]

Заработувачка[уреди | уреди извор]

Филмскиот серијал Пиратите од Карибите постигнал голем успех на кино благајните; секој од филмовите заработил над 600 милиони долари, и сите во одреден момент биле рангирани во 50. најпрофитабилни филмови на сите времиња. Toj станал прв серијал воопшто со два филмови со заработка над 1 милијарда долари, и тоа Ковчегот на мртовецот и На чудни плими.[3]

Проклетството на црниот бисер бил трет најпрофитабилен филм во 2003 година во 2003 Северна Америка (зад Господар на прстените: Враќањето на кралот и Барајќи го Немо) и четврти во светски рамки (зад Господар на прстените: Враќањето на кралот, Барајќи го Немо и Матрикс 2).[4] Ковчегот на мртовецот бил најуспешен филм за 2006 година,[5] додека пак На крајот на светот бил најуспешен филм во 2007 година во светски рамки, но четврти во Северна Америка (зад Спајдермен 3, Хари Потер и Редот на фениксот и Шрек 3).[6] На чудни плими бил трет најпрофитабилен филм во светски рамки (зад Хари Потер и реликвиите на смртта – 2 дел и Трансформери: Темната страна на месечината) и петти во Северна Америка.[7]

Филм Датум на издавање Заработка Буџет Навод
Северна Америка Други територии Светски рамки
Проклетството на црниот бисер 9 јули 2003 $305,413,918 $348,850,097 $654,264,015 $140 милиони [8]
Ковчегот на мртовецот 7 јули 2006 $423,315,812 $642,863,913 $1,066,179,725 $225 милиони [9]
На крајот на светот 25 мај 2007 $309,420,425 $654,000,000 $963,420,425 $300 милиони [10]
На чудни плими 20 мај 2011 $241,071,802 $804,642,000 $1,045,713,802 $378.5 милиони [11][12]
Одмаздата на Салазар 26 мај 2017 $320 милиони [13][14]
Вкупно $1,279,221,957 $2,450,356,010 $3,729,577,967 $1.364 милијарда [15]

Критички и јавни оцени[уреди | уреди извор]

Филм Rotten Tomatoes Metacritic CinemaScore
Проклетството на црниот бисер 79% (209 ревизии)[16] 63 (40 ревизии)[17] A[18]
Ковчегот на мртовецот 54% (219 ревизии)[19] 53 (37 ревизии)[20] A−[18]
На крајот на светот 45% (219 ревизии)[21] 50 (36 ревизии)[22] A−[18]
На чудни плими 32% (259 ревизии)[23] 45 (39 ревизии)[24] B+[18]
Просек 53% 53 A–

Главни улоги[уреди | уреди извор]

Улога Филм
Проклетството на црниот бисер Ковчегот на мртовецот На крајот на светот
Џек Спароу Џони Деп
Вил Тарнер Орландо Блум
Елизабет Свон Кира Најтли
Хектор Барбоса Џефри Раш
Џејмс Норингтон Џек Девенпорт
Ветерби Свон Џонатан Прајс
Џoшами Гибс Кевин МакНали
Рагети Макензи Крук
Пинтел Ли Аренберг
Дејви Џонс   Бил Наји
Катлер Бекет   Том Холандер
Тиа Далма   Наоми Харис
Вилијам "Бутстрап Бил" Тарнер   Стелан Скарсгард
Сао Фенг   Чоу Јун-Фат

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Johnny Depp Movies List by Box Office Sales“. http://www.johnnydeppmovieslist.org/#ByWWSales. конс. 22 јануари 2015 г. 
  2. ‘Star Wars: Episode VIII’ Sets Off Release Date Dominoes; Rubs Against ‘Ready Player One’ – Will Spielberg Pic Move?“, „Deadline Hollywood“, 20 јануари 2016 (конс. 20 јануари 2016 г).
  3. „Showdowns: 'Pirates' Vs. 'Pirates'“. Box Office Mojo. http://www.boxofficemojo.com/showdowns/chart/?id=pirates.htm. конс. 23 септември 2011 г. 
  4. „2003 WORLDWIDE GROSSES“. Box Office Mojo. http://www.boxofficemojo.com/yearly/chart/?view2=worldwide&yr=2003&p=.htm. конс. 15 март 2008 г. 
  5. „2006 WORLDWIDE GROSSES“. Box Office Mojo. http://www.boxofficemojo.com/yearly/chart/?view2=worldwide&yr=2006&p=.htm. конс. 15 март 2008 г. 
  6. „2007 WORLDWIDE GROSSES“. Box Office Mojo. http://www.boxofficemojo.com/yearly/chart/?view2=worldwide&yr=2007&p=.htm. конс. 15 март 2008 г. 
  7. „2011 WORLDWIDE GROSSES“. Box Office Mojo. http://boxofficemojo.com/yearly/chart/?view2=worldwide&yr=2011&p=.htm. конс. 4 јули 2011 г. 
  8. „Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl (2003)“. Box Office Mojo. http://www.boxofficemojo.com/movies/?id=piratesofthecaribbean.htm. конс. 31 август 2012 г. 
  9. „Pirates of the Caribbean: Dead Man’s Chest (2006)“. Box Office Mojo. http://boxofficemojo.com/movies/?id=piratesofthecaribbean2.htm. конс. 31 август 2012 г. 
  10. „Pirates of the Caribbean: At World’s End (2007)“. Box Office Mojo. http://boxofficemojo.com/movies/?id=piratesofthecaribbean3.htm. конс. 31 август 2012 г. 
  11. Sylt, Christian (22 јули 2014). „Fourth Pirates Of The Caribbean Is Most Expensive Movie Ever With Costs Of $410 Million“. Forbes. http://www.forbes.com/sites/csylt/2014/07/22/fourth-pirates-of-the-caribbean-is-most-expensive-movie-ever-with-costs-of-410-million/. конс. 7 декември 2014 г. „Production costs: $410.6 million; rebate: $32.1 million“ 
  12. „Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides (2011)“. Box Office Mojo. http://boxofficemojo.com/movies/?id=piratesofthecaribbean4.htm. конс. 22 август 2011 г. 
  13. Croffey, Amy (17 мај 2015). „If it's not one thing it's another! Pirates Of The Caribbean 5 shoot $70m over budget... while Johnny Depp spends $320k to fly dogs out of Australia on a PRIVATE JET“. Daily Mail. http://www.dailymail.co.uk/tvshowbiz/article-3084914/Pirates-Caribbean-5-70m-budget-Johnny-Depp-spends-320k-fly-dogs-Australia.html. конс. 3 октомври 2016 г. „"Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales has racked up a $320 million bill, well over its initial budget of $250 million"“ 
  14. „Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales“. boxofficemojo.com. Amazon.com. http://boxofficemojo.com/movies/?id=potc5.htm. конс. 26 февруари 2015 г. 
  15. „Pirates of the Caribbean Movies at the Box Office“. Box Office Mojo. http://boxofficemojo.com/franchises/chart/?id=piratesofthecaribbean.htm. 
  16. „Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl Movie Reviews“. Rotten Tomatoes. http://www.rottentomatoes.com/m/pirates_of_the_caribbean_the_curse_of_the_black_pearl. конс. 31 август 2012 г. 
  17. „Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl (2003): Reviews“. Metacritic. http://www.metacritic.com/movie/pirates-of-the-caribbean-the-curse-of-the-black-pearl. конс. 30 јануари 2009 г. 
  18. 18,0 18,1 18,2 18,3 „Cinemascore“. Cinemascore.com. http://www.cinemascore.com/. конс. 21 февруари 2015 г. 
  19. „Pirates of the Caribbean: Dead Man's Chest Movie Reviews“. Rotten Tomatoes. http://www.rottentomatoes.com/m/pirates_of_the_caribbean_dead_mans_chest. конс. 31 август 2012 г. 
  20. „Pirates of the Caribbean: Dead Man's Chest (2006): Reviews“. Metacritic. http://www.metacritic.com/movie/pirates-of-the-caribbean-dead-mans-chest. конс. 30 јануари 2009 г. 
  21. „Pirates of the Caribbean: At World's End Movie Reviews“. Rotten Tomatoes. https://www.rottentomatoes.com/m/pirates_of_the_caribbean_3/. конс. 31 август 2012 г. 
  22. „Pirates of the Caribbean: At World's End (2007): Reviews“. Metacritic. http://www.metacritic.com/movie/pirates-of-the-caribbean-at-worlds-end. конс. 30 јануари 2009 г. 
  23. „Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides Movie Reviews“. Rotten Tomatoes. http://www.rottentomatoes.com/m/pirates_of_the_caribbean_on_stranger_tides. конс. 31 август 2012 г. 
  24. „Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides (2011): Reviews“. Metacritic. http://www.metacritic.com/movie/pirates-of-the-caribbean-on-stranger-tides. конс. 20 мај 2011 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]