Орландо Блум

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Орландо Блум
Orlando Bloom
Orlando Bloom at Venice Festival.jpg
Орландо Блум на Филмскиот фестивал во Венеција на 4 септември 2005.
Роден(а) Орладно Џонатан Бланчард Блум
13 јануари 1977
Кантербери, Кент, Англија
Занимање глумец
Активност 1994–денес

Орландно Џонатан Бланчард Блум (англиски: Orlando Jonathan Blanchard Bloom[1][2], 13 јануари 1977, Кантербери, Англија) или само како Орландо Блум е англиски глумец. Својата кариера ја започнал уште во 1994 година, но својот светски успех го забележал во 2001 година со улогата Леголас во филмот Господар на престените[3] и со улогата на Вил Тарнер во филмот Пиратите од Карибите. Покрај овие филмови, тој зел учество и во големите филмски проекти како Троја и Небесното кралство. Својата кариера Блум ја започнал во Театарот на Војводата од Јорк. На 12 октомври 2009 година Орландо Блум станал амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ.

Ран живот[уреди]

Орландо Блум е роден во Кантербери во Англија. Неговата мајка Соња Констанс Џозефин била родена во Калкута, Индија, ќерка на Бети Констанс Џозефин Вокер и Франсис Џон Коупланд. Преку неговата мајка, Орландо Блум е братучед со познатиот фотограф Себастијан Коупланд.[4] За време на неговото детство, на Блум му било соопштувано дека негов татко бил Хери Блум, но на неговата 13. возраст, девет години по смртта на Херу Блум, му било соопштено дека всушност негов биолошки татко бил Колин Стоун, семеен пријател. Орландо бил именуван по композиторот Орландо Гибонс и има една сестра, Саманта Блум.

Филмографија[уреди]

година филм улога забелешки
1994-1996 Несреќен случај екстра/Ноел Харисон/пациент ТВ, 3 епизоди
1997 Вајлди Рентбој
2000 Убиства во Мидсамер Питер Дринкватер ТВ, 1 епизода
2001 Господар на прстените: Дружината на прстенот Леголас
Падот на црниот сокол Тод Блекбрн
2002 Господар на прстените: Двете кули Леголас
2003 Нед Кели Џозеф Брн
Пиратите од Карибите: Проклетството на Црниот Бисер Вил Тарнер
Господар на прстените: Враќањето на кралот Леголас
2004 Дете од калциум Џими Конели
Троја Парис
Хавен Шај
2005 Небесно кралство Балиен Де Ибелин
Елизабеттаун Дру Бејлор
2006 Пиратите од Карибите: Сандакот на мртовецот Вил Тарнер
Статисти Баристер ТВ, 1 епизода
2007 Пиратите од Карибите: На крајот на светот Вил Тарнер
Еверест: искачување за мир раскажувач документарен филм
2009 Њујорк, те сакам Дејвид
2010 Sympathy for Delicious Стејн
Главна улица Нерис Паркер пост-продукција
Крст во снимање

Наводи[уреди]

  1. Adolph, Anthony (18 февруари 2005). „The Curious Ancestry of Orlando Bloom“. Family History Monthly. http://www.genesreunited.co.uk/genesreunited.asp?wci=grstatic&type=bloom. конс. 24 мај 2007. 
  2. http://elflady.com/legolasgreenleaf/print/05mar/images/familyhistory_05mar_01.jpg
  3. Jones, Alison. „[asp?r=149902 Celebrity Interview: Where There's a Will...]“, TeenHollywood.com, 23 мај 2007 (конс. 24 мај 2007).
  4. Sebastian Copeland (known as Baste) - MSN Environment UK

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: