Сем Клафлин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сем Клафлин
Клафлин во 2014
Роден(а)Семјуел Џорџ Клафлин
27 јуни 1986 (1986-06-27) (32 г.)
Ипсвич, Англија
ЗанимањеГлумец
Активен период2010–сеуште
СопружникЛаура Хедок (в. 2013)

Семјуел ЏорџСемКлафлин (роден на 27 јуни 1986 г.) — англиски глумец. Тој е најдобро познат по улогите: Филип Свифт во Пиратите од Карибите: На чудни плими, Виник Одер во филмскиот серијал Игрите на гладните, Вилијам во Снежана и ловецот и Алекс Стјуарт во Со љубов, Роузи.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Клафлин е роден во Ипсвич, Англија.[1] Неговиот татко, Марк, е финансиски менаџер, а неговата мајка, Сју Клафин е учителка. Тој има два постари браќа, Бенџамин и Даниел, и помлад брат, Џозеф, кој исто така е глумец.[2][3] Тој израснал во Норвич.

Во детсвото, тој покажувал интерес кон фудбал. Тој играл фудбал се додека не се здобил со скршеница на зглобот, повреда која го спречила да игра професионално. По убедување од своите родители и професорот кого го импресионирал во средношколска претстава, тој започнал да глуми.[1][4] Во 2003 година, тој се запишал на колеџот во Норвич,[4] а потоа го продолжил своето школување на Лондонската академија за музички и драмски уметности, на која дипломирал во 2009 година.[5]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филм[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Белешки
2011 Пиратите од Карибите: На чудни плими Филип Свифт
2012 Снежана и ловецот Вилијам
2013 Игрите на гладните: Раѓањето на огнот Финик Одер
2014 Тивките Брајан Мекнил
2014 Со љубов, Роузи Алекс Стјуарт
2014 Клубот на бунтовници Алистер Рајл
2014 Игрите на гладните: Мокингџеј - прв дел Финик Одер
2015 Игрите на гладните: Мокингџеј - втор дел Финик Одер
2016 Јас пред тебе Вил Трејнор Пост продукција
2016 Ловецот Вилијам Пост продукција

Телевизија[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Белешки
2010 Изгубена иднина Кејлеб ТВ филм
2010 Столбовите на Земјата Ричард 8 епизоди
2010 Секое човечко срце Логан Маунтстјуарт (млад) 4 епизоди
2011 Јунајтед Данкан Едвардс ТВ филм
2012 Бела жештина Џек 6 епизоди
2013 Мери и Марта Бен ТВ филм

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Sam Claflin Biography". Biography.com. конс. 2013-11-21. 
  2. http://www.imdb.com/name/nm3510471/bio
  3. "Anything you can do... – Rising star Joe aims to follow in brother Sam Claflin’s footsteps - News - Norwich Evening News". Eveningnews24.co.uk. 2012-08-25. конс. 2013-11-21. 
  4. 4,0 4,1 Walsh, Peter. „Former Costessey pupil lands major Manchester United film role“, „Norwich Evening News“, 20 ноември 2010 (посет. 22 август 2012 г).
  5. Cornet, Roth (c. 2011). "Interview: Sam Claflin Talks 'Snow White and the Huntsman'". ScreenRant.com. Архивирано од изворникот на 22 August 2012. конс. 22 August 2012. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]