Кира Најтли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кира Најтли
Најтли на 68. издание на филмскиот фестивал во Венеција, септември 2011
Роден(а) Кира Кристина Најтли[1]
26 март 1985 (1985-03-26) (30 г.)[2]
Тедингтон, Лондон, ВБ
Националност  Обединето Кралство
Занимање Актерка
Активен период 1993–сеуште.
Сопружник Џејмс Рајтон
(во брак од 2013)
Родители
  • Вил Најтли
  • Шерман Мекдоналд

Кира Кристина Најтли (родена 26 март 1985) е англиска актерка.[3]

Биографија[уреди | уреди извор]

Кира Најтли е родена на 26 март 1985 година. Како што самата истакнала во интервју за британското „Радио 4“, на шестгодишна возраст ѝ била дијагностицирана дислексија, која ѝ помогнала да стане актерка, бидејќи родителите ѝ се заканиле дека нема да ѝ дозволат да глуми, ако не ги совлада проблемите со читањето и пишувањето.[4] Кира Најтли има постар брат, Кејлеб. Според нејзиното признание, како тинејџерка, таа била многу сериозна и не била премногу задоволна од животот додека не наполнила 25 години.[5]

Во 2006 година, Кира Најтли и Скарлет Јохансон се сликале голи, покрај облечениот дизајнер Том Форд, за насловната страница на „Венити фер (Vanity Fair)“, со цел да го истакнат различниот третман на машката и женската сексуалност во шоу-бизнисот. Во 2014 година, таа повторно се сликала со голо торзо за магазинот „Интервју“, под услов фотографиите да не бидат компјутерски поправани.[6]

Во мај 2013 година, Кира се омажила за Џејмс Рајтон, клавијатуристот и пејачот на групата „Клаксонс“, а свадбата се одржала во местото Мазан, во јужна Франција.[7]

Кариера[уреди | уреди извор]

Кариерата на Најтли започнала рано, делумно поради тоа што татко ѝ бил актер, а мајка ѝ била драматург. Најтли започнала да глуми уште како дете, во телевизиските филмови „Оливер Твист“ и „Трагачи по богатство“, на шестгодишна возраст веќе имала свој агент, а својата прва филмска улога ја имала во 1995 година.[8] Таа ја играла споредната улога на Сабе во Војна на ѕвездите Епизода 1: Фантомската закана (1999), а потоа имала значителна улога во филмот Јама (2001). Таа добила големо признание во 2002 година, откако ја играла главната улога во филмот Играј како Бекам, а меѓународна слава постигнала во 2003 година, со улогата на Елизабет Свон во филмскиот серијал Пиратите од Карибите.

Освен во филмовите Пиратите од Карибите, Најтли станала позната по своите филмски остварувања во драмите,[9][10] како: Гордост и предрасуди (2005), Покајание (2007), Свила (2007), Војвотката (2008), Опасен метод (2011), и Ана Каренина (2012). Најтли исто така се појавила во најразлични жанрови во холивудските филмови, како: романтичната комедија Всушност љубов (2003), историскиот Кралот Артур (2004), психолошкиот трилер Лудачка кошула (2005), биографскиот Домино (2005), историската драма На работ на љубовта (2008), ноарот Лондонски булевар (2010), дистопската научна фантастика Никогаш не ме пуштај (2010), романтичната драма Минатата ноќ (2010), и комедијата Барајќи пријател за крајот на светот (2012).

Најтли заработила номинации за „Оскар“ и за Златен глобус категорјата „најдобра актерка“, за улогата на Елизабет Бенет во филмската адаптација на Џо Рајт на романот Гордост и предрасуди од писателката Џејн Остин. Две години подоцна, Најтли повторно добила номинација за „Златен глобус“ за најдобра актерка, како и номинација за наградите на БАФТА, за нејзината улога во филмот Покајание. На својот список во 2008 година, магазинот Форбс ја утврдил Најтли како втора највисоко платена актерка во Холивуд, со пријавени приходи од 32 милиони долари во 2007 година, правејќи ја единствената не-Американка на списокот највисоко платени актерки во таа година.[11][12][13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Keria Knightley –. „Biography Today“ (Omnigraphics, Inc.) 16 (2): 82. 2007. ISSN 1058-2347. 
  2. Monitor. „Entertainment Weekly“ (1252): 30. Mar 29, 2013. 
  3. Foley, Jack. „The Jacket – Keira Knightley Q&A“. IndieLondon. http://www.indielondon.co.uk/film/jacket_knightley_Q&A.html. конс. 25 август 2008. 
  4. „Кира Најтли: Дислексијата ми помогна да станам актерка“, Дневник, година XVIII, број 5607, понеделник, 3 ноември 2014, стр. 21.
  5. Наташа Спирова, „Се соблеков, но одбив фотошоп“, Антена, број 856, 21.11.2014, стр. 6-7.
  6. Наташа Спирова, „Се соблеков, но одбив фотошоп“, Антена, број 856, 21.11.2014, стр. 6-7.
  7. Наташа Спирова, „Се соблеков, но одбив фотошоп“, Антена, број 856, 21.11.2014, стр. 6-7.
  8. Наташа Спирова, „Се соблеков, но одбив фотошоп“, Антена, број 856, 21.11.2014, стр. 6-7.
  9. Brown, Mark. „Venice film festival 2011: Keira Knightley talks costume drama“, „The Guardian“, 2 септември 2011 (конс. 5 јули 2012).
  10. Keira Knightley loves period films, hates corsets“, „MSNBC“, 16 септември 2008 (конс. 5 јули 2012).
  11. The Press Association. „Diaz top earning Hollywood actress“, Somerset County Gazette, 24 јули 2008 (конс. 20 октомври 2008).
  12. Elsworth, Catherine. „Keira Knightley is highest earning British Hollywood star on Forbes list“, „The Telegraph“, 24 јули 2008 (конс. 20 октомври 2008).
  13. Jen, McDonnell. „Will Smith, Mike Myers highest earners“, The Gazette, 11 септември 2008 (конс. 20 октомври 2008).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]