Фудбалска репрезентација на Туркс и Кајкос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фудбалска репрезентација на Туркс и Кајкос
СојузФудбалска асоцијација на Туркс и Кајкос (ТКИФА)
КонфедерацијаКОНКАКАФ (Северна Америка)
СелекторОмар Едвардс
Најмногу настапиЛенфорд Синг (21)
Најдобар стрелецБили Форбс (9)
Домашен стадионНационална академија на ТКИФА
Домашни бои
Гостински бои

Фудбалската репрезентација наТуркс и Каикосфудбалска репрезентација на Туркс и Кајкос и е контролирана од Фудбалската асоцијација на Туркс и Каикос.

Историја[уреди | уреди извор]

Откако создале фудбалска асоцијација во 1996 година и се приклучиле на ФИФА во 1998 година, Туркс и Каикос го направиле своето прво појавување на службено натпреварување на ФИФА кога влегле во квалификациите за Светското првенство во 2002. Во март 2000 година, тимот бил исфрлен во првото квалификациско коло од Свети Китс и Невис со вкупен резултат 14–0.

Во квалификациите за Светското првенство 2006, составот претрпел вкупен пораз од 7-0 против Хаити во февруари 2004 година.

Во 2007 година, федерацијата ја завршила изградбата на нивниот прв стадион, Националниот стадион Туркс и Каикос,[1] со помош на Програмата за цели на ФИФА, и се обврзале да изградат широка база на фудбалско учество и поддршка. 

На 6 февруари 2008 година, екипата ја остварила својата прва победа во квалификациите за Светското првенство со 2–1 против Света Лусија во првото коло на КОНКАКАФ на домашен терен, но во реваншот одигран на 26 март 2008 година, тие биле елиминирани откако го загубиле гостинскиот натпревар со 2–0 во Света Лусија за вкупен резултат 2–3.[2]

Екипата останала без победа на службен натпревар до 3 јуни 2014 година, кога ги победила Британските Девствени Острови за време на квалификациите за Карипскиот куп 2014, и како резултат скокнале од 207. на 181. место на ранг-листата на ФИФА објавена тој месец.[3]

Изборници[уреди | уреди извор]

 

Натпреварувачки успех[уреди | уреди извор]

Успех на Светското првенство[уреди | уреди извор]

Успех на Светското првенство Успех во квалификациите за Светското првенство
Година Рунда Позиција О.Н. Поб. Нер.* Заг. Пос. гол. При. гол. О.Н. Поб. Нер. Заг. Пос. гол. При. гол.
Уругвај 1930 Не учествувале во клафикации Не учестувале
Италија 1934
Франција 1938
Бразил 1950
Швајцарија 1954
Шведска 1958
Чиле 1962
Англија 1966
Мексико 1970
Западна Германија 1974
Аргентина 1978
Шпанија 1982
Мексико 1986
Италија 1990
САД 1994
Франција 1998
Јужна КорејаЈапонија2002 Не обезбедиле пласман 2 0 0 2 0 14
Германија 2006 2 0 0 2 0 7
ЈАР 2010 2 1 0 1 2 3
Бразил 2014 2 0 0 2 0 10
Русија 2018 2 0 0 2 4 12
Катар 2022 3 0 0 3 0 22
КанадаМексикоСАД2026 Ќе се утврди Сè уште не се започнати
Вкупно 0/22 13 1 0 12 6 68

Успех на Златниот куп на КОНКАКАФ[уреди | уреди извор]

Златен куп на КОНКАКАФ
Година Рунда Позиција О.Н. Поб. Нер.* Заг. Пос. гол. При. гол.
САД 1991 Не учестувале во квалификациите
САДМексико1993
САД 1996
САД 1998
САД 2000 Не обезбедиле пласман
САД 2002 Не учестувале во квалификациите
САДМексико2003
САД 2005 Се повлекле од квалификациите
САД 2007 Не обезбедиле пласман
САД 2009 Не учестувале во квалификациите
САД 2011
САД 2013
САДКанада2015 Не обезбедиле пласман
САД 2017
КостарикаЈамајкаСАД2019
САД 2021
Вкупно 0 титули 0/16 0 0 0 0 0 0

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „IIS7“. www.tcifreepress.com. Архивирано од изворникот на 2018-07-13. Посетено на 2 јуни 2022.
  2. New World nine move on – FIFA
  3. FIFA.com (16 јули 2014). „World champions Germany on top“. fifa.com. Архивирано од изворникот на 18 јули 2014. Посетено на 2 јуни 2022.
  4. „FIFA Tournaments – Players & Coaches – PACITTO Gino“. FIFA.com. Архивирано од изворникот на 11 ноември 2017. Посетено на 2 јуни 2022.
  5. „FIFA Tournaments – Players & Coaches – CROSBIE Paul“. FIFA.com. Архивирано од изворникот на 5 март 2016. Посетено на 2 јуни 2022.
  6. „FIFA Tournaments – Players & Coaches – GREEN Matthew“. FIFA.com. Архивирано од изворникот на 11 ноември 2017. Посетено на 2 јуни 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]