Прејди на содржината

Фотоновинарство

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Фото-новинарство)

Фотоновинарството — посебен вид новинарство (собирање, уредување, и претставување на материјал со новости за издавање или емитување) каде се создаваат фотографски слики со цел да ја раскажат приказната на веста. Под ова се подразбираат слики, но во некои случаи тоа може да биде и видео кој се користи во емитуваното новинарство. Фотоновинарството е разграничено од другите блиски гранки на фотографијата (како што се документарната фотографија, социјално-документарната фотографија,улична фотографија или фотографија на јавни личности) со неговите квалитети:

  • Правовременост – сликата има значење во контекстот на неодамна објавената вест или настан.
  • Објективност – ситуацијата која се подразбира од сликите е праведна и прецизна презентација на настаните кои се покажани подеднакво содржински и во контекст.
  • Наративност – сликите се комбинираат со другите елементи на вестите за да направат фактите поблиски до гледачите или читетелите на културно ниво.

Како писател, фотоновинарот е репортер но тој или таа често мора да донесува брзи одлуки и со себе да носи фотографска опрема, и често е изложен на значајни препреки (физичка опасност, временски услови, гужви).

Историја

[уреди | уреди извор]

Создавање

[уреди | уреди извор]

Обичајот да се прикажуваат вести со фотографии стана возможно со штампањето и фотографските иновации кои се појавија во периодот помеќу 1880 и 1897. Додека настаните кои беа топ вест беа лесно фотографирани уште во 1850-тите, печатените медиуми можеа да ги објавуваат од гравури само до 1880-тите. Раните фотографии со вести налагаа тие да бидат претолкувани од гравура пред да бидат објавени. Првиот фотоновинар беше Карол Шатмари (романски сликар, литограф и фотограф) кој правел слики од Кримската војна (помеѓу Русија и Отоманското Царство, 1853 до 1856). Неговите албуми беа испраќани до Европските кралски куќи. Само неколку од неговите слики преживеаја. Вилијам Симсон од Лондонските илустрирани вести и Роџер Фентон беа објавени како гравури. Слично, фотографиите од Американската Граѓанска Војна на Метју Брејди беа отсликани пред објавувањето на Харперс Викли (Harper's Weekly). Бидејќи јавноста беше жедна за пореална презентација на сториите во вестите, стана вообичаено за фотографиите за топ вестите да бидат изложени во галериите или да бидат испечатени во лимитиран број.

На 4 март, 1880, Дејли Графикс (Њујорк) го објави првото нијансирано (поточно испечати) размножување на фотографија на вести. Следеа понатамошни иновации. Во 1887та, беше пронајден флеш прашокот, овозможувајќи им на новинарите како Јаков Рис да фотографираат неформални субјекти на отворено, што доведе до пејсажното дело „Како живее другата половина“ (How the Other Half Lives). До 1897та, стана возможно многу брзо да се размножуваат нијансирани фотографии во печатените медиуми. И покрај овие иновации, останаа ограничувањата, и многу од спектакуларните стории во весниците и магазините во периодот од 1897 до 1927 (Жолт Печат) беа прикажани со гравури. Во 1921та, фото-телеграфијата овозможи пренос на слики речиси со иста брзина со која може да се рашри и самата вест. Сепак, дури со развојот на комерцијалната камера 35mm Leica во 1925тата, и првите блицови помеѓу 1927та и 1930тата сите елементи беа на свое место за „златната ера“ на фотоновинарството.

Безбедносната Администрација на Фармите

[уреди | уреди извор]

Од 1935та до 1942та, Безбедносната Администрација на Фармите и нејзиниот претходник Администрацијата за Преселување беа дел од Новиот договор на Франклин Рузвелт, и беа создадени за да занимаваат со земјоделските проблеми и селската сиромаштија поврзани со Големата криза. Посебен фотографски сектор, предводен од Рој Страјкер, беше наменет за едвај да обезбеди односи со јавноста за нејзините проблеми, но наместо тоа создаде една од најдобрите колекции на документарни фотографии некогаш создадена во Америка. Дека овој обид може да се нарече „фотоновинарство“ е дискутабилно, бидејќи фотографите од Агенцијата за Фармерски Услуги имаа повеќе време и извори одошто повеќето фотографи обично имаат за да ја создадат нивната работа.

Златна ера

[уреди | уреди извор]
Во Migrant Mother Дорота Ланџ (Dorothea Lange) даде плодотворна слика на Големата Депресија. Финансиските власти исто така ангажираа и други фотоновинари за да ја документираат депресијата .

Во „златната ера“ на фотоновинарството (1930-1950), некои магазини ( Picture Post (Лондон), Paris Match (Париз), Arbeiter-Illustrierte-Zeitung (Берлин), Life (Америка), Sports Illustrated (Америка)) и весниците (The Daily Mirror (Лондон), The New York Daily News (Њујорк) по голема мера ја изградија нивната огромна публика и репутација со користењето на фотографијата, и фотографите како Роберт Капа, Алфред Ејсенштед, Маргарет Бурк-Вајт и В.Јуџин Смит станаа добро познати имиња.

Хенри Картиер- Бресон се смета за татко на модерното фотоновинарство, иако ова именување беше доделено на многу други фотографи, како Ерик Саломон, чии вистинити слики на политички фигури беа документирани во 1930тите. Војникот Тони Вакаро е исто така е препознаттлив како еден од истакнатите фотографи од Втората светска војна. Неговите слики фотографирани со скромниот Argus C3 овековечија ужасни моменти од војната, слични на онаа на Капа на која е застрелан еден војник. Капа лично беше на плажата Омаха на судниот ден и сними основни фотографии од тогашниот конфликт. Вакаро е исто така познат по создавање на сопствени слики на војнички шлемови, и користење на хемикалии пронајдени во урнатините од продавницата за камери во 1944 година.

До 1980тите, повеќето весници беа печатени со револуционерната технологија на втиснување букви користејќи печатарска боја на основа на масло која лесно се рамачкува, беложолтеникава хартија за печатење со лош квалитет, и груби гравури. Додека втиснатите букви создаваа читлив текст, фото-гравурските точки кои формираа слики честопати се разлеваа и замачкуваа и стануваа нејасни. На овој начин, дури и кога весниците ги користеа добро фотографиите – добро исечени, во достојна големина – мрачната испечатеност често ги тераше читателите да го пре-прочитаат натписот за да сфатат за сто се работи на фотографијата. Вал Стрит Журнал (Wall Street Journal) го примени релјефното сликање во 1979та за да објави портрети и да ги избегне недостатоците на печатењето со втиснување. Дури во 1980тите повеќето весници се префрлија на „урамнотежени“ преси за репродукција на веродостијни фотографии на подобра, бела хартија.

Наспроти ова, Лајф, едно од најпознатите американски неделни магазини од 1936 па сè до раните 1970ти, беше преплавен со одлично испечатени фотографии на огромни страни од 11×14 инчи, користеќи мазни гравури, висококвалитетни печатарски бои, и мрсна хартија. Лајф често објавуваше слика на Американската Новинарска Агенција или Здружение на Новинари која за првпат беше испечатена во весници, но квалитетната верзија во магазините се чини дека е сосема различна слика. Најмногу поради тоа што нивните слики беа доволно бистри за да бидат ценети, и бидејќи нивното име секогаш стоеше на нивното дело, магазинските фотографи постигнаа статус сличен на оној на славните личности. Лајф стана стандард според кој јавноста ја оценуваше фотографијата, и многу од денешните книги за фотографија го слават „фотоновинарството“ како да е ексклузивен ресор на речиси славните магазински фотографи.

На пример, Бест оф Лајф (1973) се објави со двострана (1960) групна фотографија на заслужно славните фотографи на Лајф. Но 300 страници понатаму, придонесите на фотографиите откриваат дека мнозинството од фотографиите кои се меѓу оние најдобрите на Лајф биле снимени од анонимни фотографи на Американската Новинарска Агенција и Здружението на Новинари. Како резултат на ова дури и во текот на златната ера, поради недостатоците во печатењето и синдикалните системи на Американската Новинарска Агенција и Здружението на Новинари, многу новинарски фотографи се трудеа да останат релативно непознати.

„Лајф“ и другите фотографски магазини го славеа човечкиот дух во текот на Втората светска војна и кога војната заврши постоеше оптимистички период во Америка и Европа на нескротливо користење и општо верување дека работите можат само да се подобрат. Магазините го славеа хуманизмот и чувството дека се е можно. И додека отсликуваа сиромаштија и глад тоа беше со клучна порака дека со изложувањето на јавното критичко испитување работите ќе се подобрат.

Пропаѓање на фото-магазините

[уреди | уреди извор]

Во текот на шеесеттите имаше зголемена свесност дека размислувањето дека фотографијата ќе предизвика да се подобрат животните услови беше наивно. Заканата од Студена Војна покажа дека во Корејската Војна (1950-1953) војувањето може да доведе до ќор-сокак но сè уште постои шанса доброто да преовладува. Чувството дека Америка позитивно ќе го промени светот почна да избледува, но сè уште постоеше. Во шеесеттите и раните седумдесетти Виетнамската Војна (1961-1975) го разниша тој идеал и проблемите со цивилните права ја ставија нацијата во хаос - чувството дека ќе постои подобар свет беше доведено во прашање и како што светот стануваше се поциничен, стана тежок опстанокот на фотографските магазини. Добивањето на приходи од реклами стана особено тешко бидејќи трендот се префрли на попозитивните магазини за стилот на живеење – овдека сликите од познатите личности и домашното богатство можеа да привлечат додатни приходи. „Пикчр Пост“ во Велика Британија го објави своето последно издание на 1 јуни 1957 користејќи иста насловна фотографија на две девојки во скок која ја имаше во првото издание на 1 октомври 1938. „Лајф“ во Америка успеа да опстане во 1960тите и го објави своето последно издание на 29 декември 1972 година.

Мануел Ривера-Ортиз (Manuel Rivera-Ortiz):Жетва на тутун, Долина Винал (Viñales Valley), Куба 2002

Зголемување на бројот на фото-агенции

[уреди | уреди извор]

Во 1947 неколкумина славни фотографи ја основаа интернационалната фотографска заедница Магнум Фотос (Magnum Photos). Во 1989 беше формирана Корбис Корпорејшн и во 1993 Гети Имиџес (Getty Images). Овие моќни фотографски архиви ги продаваа правата на фотографиите и другите слики.

Прифаќање од страна на уметничкиот свет

[уреди | уреди извор]

Од доцните 1970ти, фотоновинарството и документарната фотографија забрзано почнаа да бидат изложувани во уметничките галерии заедно со уметничките фотографии. Лук Делахај, Мануел Ривера-Ортиз и членовите на VII Фотографска Агенција се едни од многутемина кои редовно изложуваа во галериите и музеите.

Професионални организации

[уреди | уреди извор]

Данската Унија на Новинарски Фотографи беше првата национална организација за фотографи за весници во светот. Формирана во 1912 во Копенхаген, Данска од страна на шест фотографи за дневен печат, денес брои повеќе од 800 членови.

Во 1946та во Америка беше формирана Националната Асоцијација на Новинарски Фотографи, која има околу 10,000 членови. И другите фотографи од светот се обединија во Британската Асоцијација на Новинарски Фотографи (BPPA) формирана во 1984, подоцна обновена во 2003, сега брои околу 450 членови. Асоцијација на Новинарски Фотографи на Хонгконг (1989), Асоцијација на Новинарски Фотографи на Северна Ирска (2000), Клуб на Новинарски Фотографи (Шведска, 1930), и ПК – Клуб на Новинарски Фотографи (Норвешка).

Новинарските организации и школите за новинарство доделуваа различни награди за новинарските фотографи. Од 1968, Пулицеровата Награда беше доделувана за следните категории во фотоновинарството: „ Функционална Фотографија“, „Фотографија од Местото на настанот“. Други награди се Светска Новинарска Фотографија, Најдоброто од Фотоновинарството, и Фотографија на Годината како и Година на Новинарските Фотографи која се доделуваше во Велика Британија.

Етнички и легални гледишта

[уреди | уреди извор]

Фотоновинарството работи под истите етничко-објективни пристапи кои важат и за другите новинари. Што и како да фотографираат, и како да ги штампаат се постојани прашања за обмислување. Честопати, постапките на суб-уредникот или уредникот на фотографија, кои стануваат одговорни по испораката на фотографијатана новинарските организации, можат да ублажат или побудат етнички конфликти. Исто така, често фотоновинарот нема контрола врз финалната примена на неговите фотографии. Појавата на дигиталната фотографија нуди сосема ново царство на можности за злоупотреба, размножување и пренос на фотографиите, со што неизбежно отежна многу од постоечките етнички спорни прашања. Спорните прашања вклучуваа злоупотреба на фотографијата – до кој степен е прифатливо? – во фотографиите од различни периоди (особено од војна – погледни првични примероци од воена фотографија: историја), и неисправни или лажни наслови. Полемиките на Фотографиите од Војната во Либан 2006 се значаен пример за некои од овие прашања, и погледни исто така злоупотреба на фотографии: употреба во фотоновинарството за други примери. Националната Асоцијација на Новинарски Фотографи на Америка, и други професионални организации, го уредија етничкиот кодекс за да се определи пристапот кон овие спорни прашања. Големите етнички прашања честопати се запишани во законот повеќе или помалку успешно. Правните гледишта на фотографијата можат значително да се разликуваат од една до друга нација. Правната ситуација е многу покомплицирана кога фотоновинарството направено во една земја често ќе биде објавувано во многу други земји.

Влијанието на новата технологија

[уреди | уреди извор]

Помалите, полесни камери на големо ја подобрија улогата на новинарскиот фотограф. Од 1960тите, моторните погони, електронските блицови, ауто-фокусот, подобрите леќи и другите подобрувања на камерите овозможија полесно фотографирање. Новите дигитални камери ги ослободија фотоновинарите од ограничувањето на должината на филмската лента, со тоа што илјадници слики можат да бидат меморирани на само една мемориска картичка.

Содржината останува најважниот елемент на фотоновинарството, но можноста да се продолжат крајните рокови со брзо собирање и средување на фотографии направи значителни промени. Само пред 15 години, беа потребни речиси 30 мин да се прочита и префрли една фотографија во боја за да се испечати од далечина до студиото за вести. Сега, опремен со дигитална камера, мобилен телефон и преносен компјутер, фотоновинарот може да испрати висококвалитетна слика за неколку минути, дури и секунди по самиот настан. Телефоните со камера и преносните сателитски врски сè повеќе овозможуваат пренос на слики од мобилен од речиси секоја точка на земјата.

Со природниот развој на технологијата за фотографирање, постои загриженост помеѓу новинарските фотографи дека оваа професија каква што е денес може да се промени до тој степен што ќе биде непрепознатлива. Аматерското новинарство, нивниот зголемен придонес и употребата на аматерски фотографии во вестите зема сè поголем замав. Уште за време на Кримската војна во Средината на 19 век, фотоновинарите користеа нова технологија на фотографски апарат во форма на кутија за да снимат фотографии од британските војници на бојното поле. Сепак, не дојде до широка примена на камерите како начин за пренесување на вестите сè до појавата на помали, попреносливи камери кои користеа поголеми филмски негативи за фотографирање. Претставувањето на 35 mm камера Leica во 1930тите овозможи фотографите да се движат со сцената, снимајќи фотографии од настаните во текот на нивното одвивање.

Ерата на аматерските новинари и достигнувањето на фотографиите создадени од аматерски очевидци придонесе во уметноста на фотоновинарството. Пол Левинсон ја препиша оваа промена на Кодак камерата, една од првите евтини и достапни фотографски технологии што „ внесоа дел од визуелната реалност во потенциалниот достиг на секоја личност“. Овластената публика на вести со појавата на Интернетот предизвика формирање на блогови, портали и вести на интернет, независни од традиционалните оддели, и „за првпат во нашата историја, вестите сè повеќе се изнесени од компании надвор од новинарството“.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]