Прејди на содржината

Документарна фотографија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Документарната фотографија вообичаено се однесува на популарната форма на фотографија која се користи за хронолошки значајни и историски настани. Обично е опфатена во професионалното фоторепортерство, но исто така може да биде и аматерско, уметничко или академско дело. Фотографот се обидува да создаде вистинита, објективна и најчесто искрена фотографија од конкретниот предмет, најчесто слики на луѓе.

Историја

[уреди | уреди извор]
Manuel Rivera-Ortiz: Берба на тутун, Куба 2002

Терминот документарна кој се однесува на фотографија му претходи на самиот стил или жанр. Фотографиите кои се наменети точно да ги опишат инаку непознатите, скриени, забранети или тешко пристапни места или услови датираат уште од најраниот практичен и комерцијален фотографски процес претставен од Луис Дагуер во 1839 г. И калотипните истражувања во урнатините на Блискиот Исток, Егиред и Американските диви простори. На пример археологот од XIX век, Џон Беасли Грин (John Beasly Greene), патувал во Нибија во раните 1850сеттти за да ги фотографира големите рушевини во регионот. Еден меѓу првите документарни проекти беше French Missions Heliographiques организиран од официјалната Комисија за историски споменици за да се создаде архива на француската архитектура и човеково наследство, проектот вклучувал и такви фотографски предводници како Хенри Ле Сек, Едуард Дениз Балдуз и Густав Ле Греј.

Во САД, фотографското пратење на развојот на Американската граѓанска војна од најмалку три конзорцизми од фотографски издавачи-дистрибутери, меѓу кои највпечатливите се Метју Бради и Александар Гарднер, резултираше со голема архива на фотографии кои се движат од суви слики од бојни места до стравични слики од мртвите од Тимоти О`Суливан и сугестивни слики од Џорџ Н. Барнард. Огромен основа од фотографии од западните региони на Големиот Запад беше создадена од страна на официјалните владини фотографи за Геолошкото и Географско Друштво на САД, УСГС, во периодот од 1868-1878, вклучувајќи го најмногу фотографите Тимоти О`Суливан и Вилијам Хенри Џексон. Фотографската работа на Граѓанската војна и УСГС подеднакво истакнаа важни елементи на документарната фотографија, создавањето на архива од историско значење и дистрибуција на пошироката публика преку објавување. Владате на САД објави елаборат на фотографии во годишното издание на Reports, исто така и портфолија дизајнирани со цел да се охрабри постојано финансирање на научните истражувања.

Развојот на нови репродуктивни методи за фотографирање овозможи движечка сила за следните документарни фотографи, во доцните 1880сетти и 1890сетти, и продирајќи во првите декади на 20 век. Овој период одлучно ги премости документарните од старинските и пејсажните предмети на оние од градот и неговите кризи. Оплеменувањето на фотографски методи и подоцна запознавањето со нијансираното копирање во 1890-тите овозможи евтина масивна репродукција во весниците, магазините и книгите. Личноста која најнепосредно е поврзана со раѓањето на оваа нова форма на документарност е новинарот и урбаниот социјален реформатор Јакоб Рис. Рис беше новинар истепан од полицијата кој беше адаптиран на урбаните социјално-реформистички идеи со помош на неговите контакти со медицинските и службениците за јавно здравство, од кои неколкумина беа фотографи-аматери. Рис ги употреби овие познанаства најпрво за да собере фотографии, но најпосле и самиот ја зема камерата во свои раце. Неговите книги, највлијателната Како живее другата половина од 1890 и Децата од предградијата од 1892, ги искористија овие фотографии, но сè повеќе тој искористи визуелни материјали од широк спектар на извори, вклучувајќи и слики од полициски проневери и фото-новинарски слики.

Документарните слики на Рис беа страсно посветени на менувањето на нечовечките услови во кои живеат сиромашните во урбаните индустриски центри кои брзо се шират. Неговата работа успешно ја вметна фотографијата во урбанистичко-реформистичките движења, особено во Социјалното Евангелие и Прогресивните движења. Негов најпознат наследник беше фотографот Левис Викс Најн, чии систематски истражувања особено на условите на децата, направени за Националната Комисија за Детски Работи и објавена во социолошките весници како The Survey, општо се кредитирани со силно влијание на развојот на законите за деца во Њујорк и во општо во САД. Во 1930-тите, Големата Депресија донесе нов бран на документарни фотографии, истовремено во рурални и урбани ѕслови. Администрацијата за Безбедност на Фармерите , општ термин за Историската Поделба, предводена од страна на Рој Страјкер, финансираше легендарни фотографски документарци, меѓу кои вклучувајќи ги и Вокер Еванс, Доротеја Ланџ, Расел Ли, Џон Вашон и Марион Пост Волкот. Оваа генерација на документарни фотографи е најпочитувана заради кодифицирање на документарниот код на исправност помешан со страсната пропаганда, со цел поттикнување на јавната обврка за социјална промена. Во текот на војната но и после неа, документарната фотографија забрзано стана дел од рубриката на фотоновинарството. Фотографот Роберт Франк од шведско и американско потекло е генерално заслужен за тоа со развивањето на пулт од поинтимни , предизвикувачки и сложени документарци, како примерок за неговата работа во 1950-тите, издаден во САД во 1959, во неговата книга Американци. Во раните 1960тти, неговото влијание врз фотографите како Гери Виногранд и Ли Фридлендер резултираше со изложба во Музејот за Модерна Уметност (МоМА), што ги спои овие двајца фотографи со нивната колешка Диана Арбус во дело под едно име, Нови Документи. Џон Жарковски, член на управата на МоМА, предложи во изложбата, новата генерација, посветена не на општествената промена, туку на формалното и иконографско истражување социјалното искуство и современост, ги замени старите форми на социјалната документарна фотографија.

Во 1970-тите и 1980-тите, беше извршен смел напад над традиционалните документарци од страна на историчарите, критичарите и фотографите. Еден од позначајните бил фотографскиот критичар Алан Секула, чии идеи и придружни објекти на нговите слики, дејствувале врз генерација на `ново-нови документарни` фотографи, чија работа била филозофски поригорозна, често и продорно насочена кон левицата во својата политика. Секула се појавил како шампион на овие фотографи, со критичкото пишување и едиторијалното работење. Значајни помеѓу оваа генерација е фотографот Фред Лонидиер, чие дело ` Здрава и Безбедна Игра` од 1976 стана модел на пост-документаризмот и Марта Рослер, чие дело `Сенката на Двете Неадекватни Дескриптивни Системи` од 1974-75 година послужи како пресвртница во критиката на класичните хуманистички документарци со работата на привилегираните елити наметнувајќи ги нивните визии и вредности на неовластените. Современ документарски фотограф е Мануел Ривера-Ортиз, кој го документира животот на луѓето во земјите во развој. Погоден од сопственото искуство растејќи во сиромашно во руралното Порторико, Ривера-Ортиз ги фотографирал Куба, Индија, покажувајќи го достоинството на кастата Дали (Недопирливата), или од етничката група Ајмара живеејќи во сушната алтиплана на Боливија.

Прифаќање од страна на уметничкиот свет

[уреди | уреди извор]

Од доцните 1970-ти, документарната фотографија сè повеќе почна да се наоѓа во уметничките галерии рамо до рамо со фините уметнички фотографии. Лук Далахаје, Мануел Ривера-Ортиз и членовите на VII Фото-Агенција се меѓу многутемина кои редовно изложуваат во галериите и музеите.

Истакнати документарни фотографи

[уреди | уреди извор]

[File:Lange-MigrantMother02.jpg|thumb| Мајка - мигрант позната фотографија од Дорота Ланг, направена за време на „Големата Депресија“ Great Depression.]]

  • "A New History of Photography" Könemann Verlagsgesellschaft/Michel Frizot 1998
  • "DOWN THE LINE; LIGHT RAIL'S FIRST DAY; Getting off on the right track"; Star Tribune, June 27, 2004.

Предлошка:Photography subject