Прејди на содржината

Демирџојани

Координати: 41°7′N 24°22′E / 41.117° СГШ; 24.367° ИГД / 41.117; 24.367
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Тимурџи Аврен)
Демирџојани
Περιστέρια
Демирџојани is located in Грција
Демирџојани
Демирџојани
Местоположба во областа
Демирџојани во рамките на Доксат (општина)
Демирџојани
Местоположба на Демирџојани во Општина Доксат и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°7′N 24°22′E / 41.117° СГШ; 24.367° ИГД / 41.117; 24.367
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругДрамски округ
ОпштинаДоксат
Општ. единицаДоксат
Надм. вис.&10000000000000535000000535 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно10
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Демирџојани или Тимурџи Аврен или (грчки: Περιστέρια, Перистерија)[2] — село во Општина Доксат во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 10 километри југоисточно од градот Драма и на 29 километри источно од Доксат.

Селото се наоѓа на надморска височина од 535 метри.

Историја

[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство

[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 370 Турци[3].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 509 жители[4].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Перистерија[5].

Демографија

[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле сместени 53 грчки семејства со 192 лица[6]. Во 1928 година, бројот на населението бил 231 лица, додека во 1940 година селото броело 359 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 233 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 106 жители, во 1981 година имало 18 жители, додека во 1991 година имало 5 жители[7]. Денеска, населението на селото е 10 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 359 233 106 18 5 10
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Περιστέρια
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 197.
  4. Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 - Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2009-05-04.
  5. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 17.