Прејди на содржината

Химитли

Координати: 41°6.12′N 24°18.14′E / 41.10200° СГШ; 24.30233° ИГД / 41.10200; 24.30233
Од Википедија — слободната енциклопедија
Химитли
Αγάπη
Химитли is located in Грција
Химитли
Химитли
Местоположба во областа
Химитли во рамките на Доксат (општина)
Химитли
Местоположба на Химитли во Драмскиот округ и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°6.12′N 24°18.14′E / 41.10200° СГШ; 24.30233° ИГД / 41.10200; 24.30233
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски
ОпштинаДоксат
Население (2011)[1]
 • Вкупноприпоено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Химитли (грчки: Αγάπη, Агапи; до 1927 г. Χιμιτλή, Химитли[2]) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Доксат во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Денес е североисточно маало на селото Органџи.

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало североисточно од с. Органџи и веднаш северно од с. Касапли, десетина километри североисточно од Доксат.[3] Лежело во областа Драмско Поле, во западното подножје на планината Урвил.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век Химитли било село во Драмската каза. Сè до 1923 г. било населено со Турци.[3]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

Со Букурешкиот договор 1913 г. селото се припоено кон Грција. Таа година населението броело 470 жители. Во текот на следните години населението се зголемило, па во 1920 г. во Химитли живееле 519 лица, сите од турска народност.[3]

Со потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 г. сето население е иселено во Турција, а на негово место се доведени турски Грци. Во 1927 г. селото е преименувано во Агапи, што значи „љубов“. Во 1928 г. се попишани 597 жители, сите грчки дојденци.[3]

Во подоцнежните пописи селото не се споменува како одделна населба бидејќи станало дел од соседното Органџи,[3] чие население исто така веќе било дојденско (грчко) на местото на иселеното турско.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Πανδέκτης: Chimitli -- Agapi“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 11 ноември 2019.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 199.