Еди Пере
Еди Пере Νεροφράκτης | |
---|---|
Координати: 41°2′N 24°7′E / 41.033° СГШ; 24.117° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Драмски округ |
Општина | Доксат |
Општ. единица | Каламбак |
Надм. вис. | 48 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 584 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Еди Пере (грчки: Νεροφράκτης, Нерофрактис)[2] — село во Општина Доксат во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 53 километри јужно од градот Драма и на 12 километри југозападно од Доксат.
Селото се наоѓа на надморска височина од 48 метри.
Историја
[уреди | уреди извор]Отоманско Царство
[уреди | уреди извор]Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 700 Турци[3].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 719 жители[4].
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било преименувано во Нерофрактис[5].
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 1928 година во селото биле сместени 120 грчки семејства со 493 лица[6]. Во 1928 година, бројот на населението бил 493 лица, додека во 1940 година селото броело 837 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 914 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 940 жители, во 1971 година имало 739 жители, во 1981 година имало 775 жители, додека во 1991 година имало 795 жители[7]. Денеска, населението на селото е 584 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 837 | 914 | 940 | 739 | 775 | 795 | — | 584 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Νεροφράκτης
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 198.
- ↑ Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 - Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2009-05-04.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 24.
|