Горно Бунарбаши

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Горно Бунарбаши
Άνω Κεφαλάρι
Горно Бунарбаши is located in Грција
Горно Бунарбаши
Горно Бунарбаши
Местоположба во областа
Горно Бунарбаши is located in Доксат
Горно Бунарбаши
Местоположба на Горно Бунарбаши во Општина Доксат и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°3′N 24°16′E / 41.050° N; 24.267° E / 41.050; 24.267Координати: 41°3′N 24°16′E / 41.050° N; 24.267° E / 41.050; 24.267
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругДрамски округ
ОпштинаДоксат
Општ. единицаДоксат
Надм. вис.&10000000000000104000000104 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно339
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Горно Бунарбаши (грчки: Άνω Κεφαλάρι, Ано Кефалари)[2] — село во Општина Доксат во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 16 километри јужно од градот Драма и на 7 километри јужно од Доксат.

Селото се наоѓа на надморска височина од 104 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 120 Турци[3].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 125 жители[4].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било прекрстено во Ано Кефалари[5].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле сместени 83 грчки семејства со 304 лица[6]. Во 1928 година, бројот на населението бил 389 лица, додека во 1940 година селото броело 659 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 659 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 460 жители, во 1971 година имало 498 жители, во 1981 година имало 383 жители, додека во 1991 година имало 381 жители[7]. Денеска, населението на селото е 339 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 659 460 498 383 381 433 / 339
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Попис на населението од 2011 г. Трајно население". Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Άνω Κεφαλάρι
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 197.
  4. Λιθοξόου, Δημήτρης. "Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 - Μακεδονία". Архивирано од изворникот на 2012-07-31. Посетено на 2009-05-04.
  5. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  6. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  7. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 8.