Кавакли (Драмско)
Кавакли Αίγειρος | |
---|---|
Координати: 41°7′N 24°21′E / 41.117° СГШ; 24.350° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Драмски округ |
Општина | Доксат |
Општ. единица | Доксат |
Надм. вис. | 340 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 0 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Кавакли (грчки: Αίγειρος, Егирос)[2] — село во Општина Доксат во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 20 километри јужно од градот Драма и на 15 километри источно од Доксат.
Селото се наоѓа на надморска височина од 340 метри.
Историја
[уреди | уреди извор]Отоманско Царство
[уреди | уреди извор]Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 280 Турци[3].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 414 жители[4].
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било преименувано во Егирос[5].
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 1928 година во селото биле сместени 53 грчки семејства со 257 лица[6]. Во 1928 година, бројот на населението бил 257 лица, додека во 1940 година селото броело 334 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 149 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 190 жители, во 1971 година имало 56 жители, во 1981 година имало 14 жители, додека во 1991 година имало 7 жители[7]. Денеска, селото е напуштено, според пописот на населението од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 334 | 149 | 190 | 56 | 14 | 7 | 0 | 0 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Αίγειρος
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 197.
- ↑ Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 - Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2009-05-04.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 29.
|