Арапли (Драмско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Арапли
Βαθυχώρι
Арапли is located in Грција
Арапли
Арапли
Местоположба во областа
Арапли is located in Доксат
Арапли
Местоположба на Арапли во Општина Доксат и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°7′N 24°16′E / 41.117° СГШ; 24.267° ИГД / 41.117; 24.267Координати: 41°7′N 24°16′E / 41.117° СГШ; 24.267° ИГД / 41.117; 24.267
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругДрамски округ
ОпштинаДоксат
Општ. единицаДоксат
Надм. вис.&10000000000000148000000148 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно208
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Арапли (грчки: Βαθυχώρι, Ватихори)[2] — село во Општина Доксат во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 15 километри источно од градот Драма и на 9 километри јужно од Доксат.

Селото се наоѓа на надморска височина од 148 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 332 жители Турци[3].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 481 жители[4]

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било прекрстено во Ватихори[5].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле сместени 114 грчки семејства со 489 лица[6]. Во 1928 година, бројот на населението бил 577 лица, додека во 1940 година селото броело 609 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 627 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 570 жители, во 1971 година имало 281 жители, во 1981 година имало 269 жители, додека во 1991 година имало 239 жители[7]. Денеска, населението на селото е 208 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 609 627 570 281 269 239 / 208
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]