Прејди на содржината

Каламбак

Координати: 41°3′N 24°11′E / 41.050° СГШ; 24.183° ИГД / 41.050; 24.183
Од Википедија — слободната енциклопедија
Каламбак
Καλαμπάκι
Каламбак is located in Грција
Каламбак
Каламбак
Местоположба во областа
Каламбак во рамките на Доксат (општина)
Каламбак
Местоположба на Каламбак во Општина Доксат и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°3′N 24°11′E / 41.050° СГШ; 24.183° ИГД / 41.050; 24.183
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругДрамски округ
ОпштинаДоксат
Општ. единицаКаламбак
Надм. вис.&1000000000000005000000050 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно3.110
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Каламбак (грчки: Καλαμπάκι, Каламбаки)[2] — село во Општина Доксат во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 12 километри јужно од градот Драма и на 8 километри југозападно од Доксат.

Селото се наоѓа на надморска височина од 50 метри.

Историја

[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство

[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 300 Турци[3].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 817 жители[4].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Каламбаки[5].

Демографија

[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле сместени 404 грчки семејства со 1684 лица[6]. Во 1928 година, бројот на населението бил 1684 лица, додека во 1940 година селото броело 2873 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 3189 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 3199 жители, во 1971 година имало 2974 жители, во 1981 година имало 3389 жители, додека во 1991 година имало 3388 жители[7]. Денеска, населението на селото е 3110 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 2873 3189 3199 2974 3389 3388 3110
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Καλαμπάκι
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 197.
  4. Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 - Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2009-05-04.
  5. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 24.