Водовишта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Водовишта
Αγία Παρασκευή
Водовишта is located in Грција
Водовишта
Водовишта
Местоположба во областа
Водовишта is located in Доксат
Водовишта
Местоположба на Водовишта во Општина Доксат и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°1′N 24°10′E / 41.017° СГШ; 24.167° ИГД / 41.017; 24.167Координати: 41°1′N 24°10′E / 41.017° СГШ; 24.167° ИГД / 41.017; 24.167
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругДрамски округ
ОпштинаДоксат
Општ. единицаКаламбак
Надм. вис.&1000000000000005000000050 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно454
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Водовишта (грчки: Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви)[2] — село во Општина Доксат во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 58 километри јужно од градот Драма и на 13 километри југозападно од Доксат.

Селото се наоѓа на надморска височина од 50 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 583 жители[3]

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било прекрстено во Агија Параскеви[4].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле сместени 64 грчки семејства со 274 лица[5]. Во 1928 година, бројот на населението бил 329 лица, додека во 1940 година селото броело 388 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 707 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 789 жители, во 1971 година имало 647 жители, во 1981 година имало 618 жители, додека во 1991 година имало 601 жители[6]. Денеска, населението на селото е 454 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 388 707 789 647 618 601 / 454
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]