Суџоу
Суџоу 苏州市 | |
---|---|
Град-префектура | |
Прекар(и): Венеција на Истокот | |
Држава | Народна Република Кина |
Покраина | Џјиангсу |
Околии | 11 |
Воспоставен | 514 г. пр. н. е. |
Општинско седиште | Гусу |
Управа | |
• Вид | Град-префектура |
• Партиски секретар | Лан Шаомин |
• Градоначалник | Ли Јапинг |
Површина[1] | |
• Град-префектура | 8.488,42 км2 (3,277,40 ми2) |
• Земјишна | 5.851 км2 (2,259 ми2) |
• Вода | 2.394,50 км2 (924,52 ми2) |
• Градска | 2.944,4 км2 (1,136,8 ми2) |
• Метро | 12.493 км2 (4,824 ми2) |
Население (попис 2020) | |
• Град-префектура | 12.748.252 |
• Густина | 1,500/км2 (3,900/ми2) |
• Градскo | 6.715.559 |
• Градска | 2,300/км2 (5,900/ми2) |
Час. појас | Кинеско стандардно време (UTC+8) |
Поштенски број | 215000 |
Повик. бр. | 512 |
ISO 3166 | CN-JS-05 |
БДП (2021) [2] |
CNY 2,272 билиони
CNY 178,207
|
Индекс на човековиот развој (2015) | 0,868– многу висок[3] |
Цвеќе на градот | Osmanthus |
Дрво на градо | Camphor laurel |
Регионален дијалект | Ву: Суџоушки дијалект |
Регистерска табличка | 苏E and 苏U[4] |
Мреж. место | suzhou.gov.cn |
Суџоу (кинески:苏州; пинјин : Sūzhōu) — град што се наоѓа во југоисточниот дел на покраината Џјиангсу во Источна Кина. Градот се наоѓа во долниот тек на реката Јангце, на брегот на езерото Тајху и дел од делтата на реката, околу 100 км северозападно од Шангај. Суџоу е главно стопанско средиште и средиште на трговијата, втор по големина град во покраината, по главниот град Нанџјинг.
Во 2014 година, градот Суџоу ја добил наградата Светски град Ли Куан Ју во 2014 година, која се смета за Нобелова награда за урбанистичко планирање.
Историја
[уреди | уреди извор]Суџоу, колепката на културата Ву, е еден од најстарите градови во сливот на реката Јангце. Основан е во 514 г.пр.н.е. како Гусу или Ву (престолнина на државата Ву) и неговата 2500-годишна историја е богата со настани. За време на раздобјето на завојуваните држави, тој бил познат како престолнина на Ву, а за време на династијата Ќин бил главен град на покраината Ву Сиан, под името Куаиџи. Времето на династијата Хан е време на неговиот прв процут. Околу 100-тата година бил меѓу десетте најголеми градови во светот.
За време на династијата Суеј, во 589 г. градот бил преименуван во Суџоу, а Големиот Канал донел нов процут на градот. Во текот на кинеската историја, градот бил главната индустриска и трговска метропола на југоисточниот дел на кинескиот брег. За време на династијата Танг (825), поетот Бај Ѓуји го изградил каналот Шантанг за да го поврзе градот со Хуќу. Во 10 век, за време на династијата Сунг, тој станал важно трговско средиште на земјата. Во 1035 година Фан Џунгјан дал да се изгради Храмот на Конфучие.
Во февруари 1130 година, војниците од династијата Ѓин го ограбиле градот, по што следела инвазијата на Монголите (1275 г. ). Во 1367 година, Џу Јуанџанг, основачот на династијата Минг, го освоил градот по десетмесечна опсада и ја уништил кралската палата и наметнал страшни давачки врз отпадничкиот град и истакнатите семејства.[5] И покрај тоа, за време на династиите Минг и Чјинг, Суџоу останал културно средиште со голема економска моќ, а воедно бил и најголемиот град во светот без статус на главен град. Повеќето од приватните градини во градот биле изградени во тоа време.
Во средината на XIX век, Тајпиншкото востание довело до губење на регионалното стопанско водство во корист на новосоздаденото пристаниште Шангај. Исто така, каналскиот сообраќај бил маргинализиран поради развојот на железницата. Сепак, забавувањето на стопанскиот развој на градот имало благотворно влијание наспроти индустрискиот бум во 20 век и немал големи оштетувања на спомениците; особено се зачувани класичните градини во Суџоу, познати низ целиот свет. За жал, многу од нив биле уништени за време на јапонската инвазија во 1938 година, но во раните 1950-ти години тие беа главно обновени.
На крајот на илјадалетието, поради брзиот стопански развој ширум Кина, имало многу прашања за заштитата на спомениците и природната средина, но туристичките атракции на градот останале недопрени.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Место | Суџоу, Кина |
Критериум | Културен: i, ii, iii, iv, v |
Навод | 813 |
Запис | 1997 (21. заседание) |
Дополнувања | 2000 |
Градот е познат по своите камени мостови, пагоди и внимателно направени градини од времето на династијата Сунг (960 - 1279), благодарение на што станал главна туристичка атракција. Класичните градини во Сужоу се група од девет градини во градот кои се запишани на списокот на светско наследство на УНЕСКО во Азија, бидејќи ги вклучуваат „главните одлики на класичните кинески градини со изграден крајолик кој подражава природна сценографија на камења, ридови и реки со стратешки поставени павилјони и пагоди, а со тоа и „со својот беспрекорен дизајн, тие ја одразуваат длабоката метафизичка важност на природната убавина во кинеската култура“.[6] Затоа Суџоу често се нарекува „Венеција на Истокот“ или „Венеција на Кина“.[7][8][9]
Во Суџоу исто така се наоѓа и светското наследство Големиот Канал, односно две заштитени места: патот Пингџијанг и улицата Шантанг, во кои има десет стари камени градски порти и над 20 камени мостови преку 24 канали.
Од храмовите зачувани се:
- Храмот Ханшан (寒山寺Hánshān Sì, буквално: „Храмот на студената планина“) е будистички храм од 6 век.
- Храмот Сијуан (西园寺, буквално: „Храмот на западната градина“) е будистички храм од династијата Јуан (14 век) и се наоѓа западно од „Висечката градина“ (留園 Лиу Јуан) од 16 век. .
- Храмот Суанмиаогуан (玄妙观 Xuánmiào Guàn, буквално: „Храмот на тајните“) е таоистички храм во центарот на Стариот град кој бил основан во 276 година и повторно изграден во 12 и 18 век.
- Храмот Лингјаншан (灵岩山寺 Línyànshán sì ) е будистички храм од 6 век на ридот Лингјан над Суџоу.
- Храмот Чонгјуан (重元寺Chóngyuɑ́n Sì ) е будистички храм од времето на династијата Љанг (6 век) над езерото Јангченг. Неколку пати бил уништен и обновуван, последен пат во Културната револуција од 1960-тите, а повторно е изграден од 2003 година. Кога била отворена во 2007 година, нејзината главна сала била најголемата (2.400 m²) и највисоката (38 m) соба на храм во Кина.
-
Скромна градина на управителот (拙政園 Џуоџенг Јуан)
-
Висечка градина
-
Јаворовиот мост и храмот Ханшан
-
Храмот Суанмиаогуан
„Капијата на Истокот“ (东方之门 Dōng fāng zhī mén ) е облакодер висок 301,8 m на западниот брег на езерото Ѓинѓи од 2016 година.
Управа
[уреди | уреди извор]Средиштетот на градот Суџоу, т.н. „Стар град“ одговара на округот Гусу, додека индустрискиот парк Суџоу (SIP) е на исток и зоната за развој на новата технологија Суџоу (Нов Округ Суџоу, SND) е западно од центарот. Суџоу е еден од најуспешните градови во Кина благодарение на растот на нејзините сателитски градови како што се: Куншан, Тајканг, Чангшу и Џанѓаганг, кои ѝ припаѓаат на префектурата Суџоу.
Поделба | кинески | Пинјин | Население [10] | Површина (км2) | Густина население (/км2) |
---|---|---|---|---|---|
Средиште на градот | |||||
Гусу | 姑苏区 | Gūsū Qū | 954.455 | 372 | 2.565,73 |
Предградија | |||||
Хуќу | 虎丘区 | Hǔqiū Qū | 572.313 | 258 | 2.218,26 |
Вуџонг | 吴中区 | Wúzhōng Qū | 1.158.410 | 672 | 1.723,82 |
Сијангченг | 相城区 | Xiāngchéng Qū | 693.576 | 416 | 1.667,25 |
Вуѓанг | 吴江区 | Wújiāng Qū | 1.275.090 | 1.093 | 1.166,59 |
Сателитски градови | |||||
Чангшу | 常熟市 | Chángshú Shì | 1.510.103 | 1.094 | 1.380,35 |
Тајканг | 太仓市 | Tàicāng Shì | 712.069 | 620 | 1.148,49 |
Куншан | 昆山市 | Kūnshān Shì | 1.646.318 | 865 | 1.903,25 |
Џанѓаганг | 张家港市 | Zhāngjiāgǎng Shì | 1.248.414 | 772 | 1.617,11 |
Вкупно | 10.465.994 | 8.488 | 1.233,03 | ||
Неформален административен дел: Индустриски парк Суџоу и нов округ Суџоу |
Население
[уреди | уреди извор]Според пописот од 2010 година, Суџоу имал 4.074.000 жители, со население од претежно Кинези Хан и странски доселеници, главно Корејци (0,44%).[10] Службен јазик е стандардниот мандарински кинески, иако многумина зборуваат и локален дијалект познат како суџоунески, член на јазичното семејството ву. Населението на градот пораснало со невидена стапка од 6,5% помеѓу 2000 и 2014 година, што е највисока меѓу градовите со повеќе од 5 милиони луѓе.[11]
1990 | 2000 | 2009 | 2010 | 2015 | 2018 |
---|---|---|---|---|---|
706.459 [12] | 1.099.450 [12] | 1.546.947 [12] | 4.074.000 [10] | 6.670.124 | 10.680.000 |
Стопанство
[уреди | уреди извор]Суџоу бил важно средиште на кинеската индустрија за свила и го задржал тој статус до ден-денес. Градот е дел од економската област на делтата Јангце. Новата област Суџоу (SND) била основана во ноември 1992 година, а до 2007 година веќе имала над 13 милијарди американски долари ($) странски инвестиции. БДП по глава на жител на градот во 2006 година изнесувал 79.406 元 (околу 10.087 американски долари), со што Суџоу бил петти од 669 кинески градови. Денес, над 40 големи компании (од групацијата Fortune 500) работат во Суџоу НД.[13]
Градови пријатели
[уреди | уреди извор]
|
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Table showing land area and population“. Suzhou People's Government. 2003. Архивирано од изворникот 2 December 2007. Посетено на 7 September 2007.
- ↑ „2021年江苏13市Gdp出炉 苏州2.27万亿位居第一“. Архивирано од изворникот 26 January 2022. Посетено на 26 January 2022.
- ↑
Calculated using data from Suzhou Statistics Bureau. Life Expectancy Index = 0.9672, Education Index = 0.8244, Income Index = 0.868. Refs:
- Suzhou Bureau of Statistics (苏州市统计局). 2016年苏州市情市力 (PDF). Архивирано (PDF) од изворникот 14 March 2017. Посетено на 13 March 2017.
- 新建改扩建410所学校 苏州教育有"国际范". Tencent. Архивирано од изворникот 14 March 2017. Посетено на 13 March 2017.
- 苏州人均期望寿命高于北京上海 癌症仍是"头号杀手". 城市商报. 22 April 2016. Архивирано од изворникот на 3 October 2017. Посетено на 5 October 2016.
- ↑ 苏U号牌来了!苏州将成江苏首个启用双号牌的城市. 交汇点. 24 October 2018. Архивирано од изворникот 24 October 2018. Посетено на 24 October 2018.
- ↑ Linda C. Johnson, Cities of Jiangnan in Late Imperial China, SUNY Press, 1993., str. 26.–27.
- ↑ Klasični vrtovi Suzhoua na UNESCO-ovim službenim stranicama (англиски)
- ↑ Visit some of China's best gardens next week without a passport » Arts/Entertainment » Andover Townsman, Andover, MA Архивирано на 7. srpnja 2011... andovertownsman.com.
- ↑ Thorpe, Annabelle. „Suzhou real China outside Shanghai“. The Times. London. Архивирано од изворникот на 2011-06-04. Посетено на 2010-05-24.
- ↑ Fussell, Betty. „Exploring Twin Cities By Canal Boat“. The New York Times. Посетено на 2010-05-24.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 Известување на Државниот завод за статистик на Народна Република Кина за главните податоци од пописот на населението во 2010 година, Државен завод за статистика на Кина, 20 јули 2011
- ↑ World Urbanization Prospects: The 2014 Revision (PDF), United Nations, Department of Economic and Social Affairs, Population Division, 2 ноември 2014 (англиски)
- ↑ 12,0 12,1 12,2 China: largest cities and towns and statistics of their population, www.world-gazetteer.com, 17 декември 2012
- ↑ Suzhou Hi-Tech Industrial Development Zone, 22 април 2010 (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Службено мрежно место на градот
- Сликовити места на Суџоу Архивирано на 13 мај 2008 г.