Список на паркови на природата на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ова e список на паркови на природата на Македонија. Според Законот за заштита на природата, овие заштитени подрачја припаѓаат на категоријата IV на МСЗП.[1]

Список на паркови на природата[уреди | уреди извор]

Име на споменикот Површина
(хектари)
Прогласен Место и општина Координати Опис
Езерани 1917 (вкупно)
1066 (копно)
851 (вода)[2]
14.02.2012[2] меѓу Асамати и Сир Хан, Ресен Поранешен строг природен резерват со орнитолошки особености.[3]
Чам Чифлик[4][5] 428 Струмица, Струмица[6] Шуми од црни борови (Pinus nigra - Pinus pallsiana) и даб прнар (Quercus coccifera). Поранешен посебен резерват.[7] Тука се среќава асоцијацијата Coccifero-Carpinetum orientalis pinetosum pallasianae. Чам Чифлик е брдо веднаш над Струмица меѓу клисурите на реките Водочница и Тркајана. Највисоките делови претставуваат избраздено плато на 400-450 надморска височина каде има меѓи од ниви. Падините се стрмни и браснати со црниот бор и прнарот. Освен прнарот, други средоземни видови се: Clematis flammula, Osyris alba, Cistus villosus, Carex dystachya и други. Оваа прнарска шума е одвоена од главнината во Вардарската долина со широк појас од плоскачева шума на Костуринското плато. Изолираноста на оваа шума, појавата на црн бор во неа, потоа самото станиште: испомешано карбонатно и силикатно камено тло во еден длабок нанос со делумно избивање на матичните стени, го прават овој предел специфичен во Македонија.
Студенчишко Блато 50 17.11.2020[8] Охрид, Охрид 41°6′1″N 20°48′37″E / 41.10028° СГШ; 20.81028° ИГД / 41.10028; 20.81028
Гази Баба Гази Баба, Гази Баба 42°0′33.6″N 21°27′12.7″E / 42.009333° СГШ; 21.453528° ИГД / 42.009333; 21.453528
Менкова Ливада 3,5 Кавадарци[9] Шума од црни борови (Pinus nigra Arm.).[10] Првично бил прогласен за посебен резерват во 1964 година.[10][11] Се наоѓа во месноста Менкова Ливада во Мариово, во 59. оддел на Рожденските Шуми.
Рупа 7,6 Брајчино, Ресен[6][12] Шуми од елки (Abies alba) околу селото Брајчино.[13] Првично бил прогласен за посебен резерват во 1967 година.[14] Се наоѓа во месноста Рупа во 28. и 29. оддел од шумско-стопанската единица Брајчино. Во нејзините рамки се издвојува асоцијацијата Fago-Abietetum meridionale. Таксационите елементи, надморската височина и живописноста на околината се елементи кои ја прават особена оваа шума.
Суви Дол 287 Кленоец, Кичево[9] Насад на див костен (Aesculus hipocastanum) покрај истоимената месност.[10] Првично бил прогласен за ботанички резерват во 1960 година.[10][11] Се наоѓа во близина на селото. Состоина се состои од околу 4000-5000 стебла.
Тумба 5 Кавадарци[6] Шума од буки (Fagus moesiaca) и елки (Abies alba).[10] Првично бил прогласен за посебен резерват во 1964 година.[10][14] Се наоѓа во месноста Тумба во мариовските шуми - оддел 49, во непосредната близина на македонско-грчката граница.
Дреночка Река 2 Дренок, Струга[15] Насад на див костен (Aesculus hippocastanum) покрај реката, источно од селото.[16] Првично била прогласена за ботанички резерват во 1960 година.[11][16]
Иберлиска Река 30 Иберли, Демир Капија Шума од чинари (Platanus orientalis L.) покрај реката.[10] Првично била прогласена за посебен резерват во 1963 година.[10][11] Се наоѓа меѓу селата Иберли и Челевец. Ова заштитено подрачје претставува чист насад од платанова шума во кој се застапени скоро сите дебелински класи од 20 см па до 1,20 см. Во 1992 година била забележано дека стеблата на платанот биле нападнати од губар. Константирана била и недозволива сеча.
Гарска Река 4 помеѓу Гари, Дебар и Лазарополе, Маврово и Ростуше Насад на див костен (Aesculus hippocastanum) покрај реката.[16] Првично била прогласена за ботанички резерват во 1960 година.[11] Дивиот костен се наоѓа по течението на реката, југозападно од возвишението Црн Врв (1501 м) во близина на Лазарополе. Се работи за автохтони поединечни и групни стебла.
Голем Козјак 4 Кавадарци[6] Шума од бел бор (Pinus silvestris L.).[10] Првично бил прогласен за посебен резерват во 1964 година.[10][14] Заштитеното подрачjе се наоѓа во изворишниот дел на Бистричка Река под Голем Козјак, оддел 45 - Мариово. Во однос на просторот и квалитетот на дрвото, оваа шума е мошне ретка во Република Македонија.
Катлановско Блато[5][17] Катланово, Петровец[9] Првично бил прогласен за ботанички, ихтиолошки и орнитолошки резерват[10] во 1965 година.[14]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Закон за заштита на природата (член 66)“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. Архивирано од изворникот (PDF) на 12 јули 2019. Посетено на 8 април 2022.
  2. 2,0 2,1 „Указ за прогласување на Законот за прогласување на локалитетот „Езерани" на Преспанското Езеро за парк на природата и Закон за прогласување на локалитетот „Езерани" на Преспанското Езеро за парк на природата“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (24): 3–4. 17 февруари 2012. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 март 2022. Посетено на 8 април 2022.
  3. „Указ за прогласување на Законот за прогласување на орнитолошкиот локалитет „Езерани" на Преспанското Езеро, за строг природен резерват“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (37): 1575–1576. 29 јули 1996. Архивирано од изворникот (PDF) на 12 септември 2021. Посетено на 8 април 2022.
  4. „Парк на природата Чам Чифлик – непознатата македонска шума над Струмица“. doma.edu.mk. 23 август 2018. Архивирано од изворникот на 13 април 2021. Посетено на 8 април 2022.
  5. 5,0 5,1 „Парк на природата Чам Чифлик“. sumarite.com. 24 септември 2018. Архивирано од изворникот 2022-04-08. Посетено на 8 април 2022.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 „Application Guidelines“ (PDF). Protecting Nature for Suistanable Future. стр. 9. Архивирано од изворникот на 2018-07-28. Посетено на 8 април 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  7. „Прилог 7: Список на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. стр. 4. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 јули 2021. Посетено на 8 април 2022.
  8. „Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато во категоријата Парк на природа“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (277): 2. 20 ноември 2020. Архивирано од изворникот (PDF) на 4 јануари 2021. Посетено на 8 април 2022.
  9. 9,0 9,1 9,2 „Application Guidelines“ (PDF). Protecting Nature for Suistanable Future. стр. 8. Архивирано од изворникот на 2018-07-28. Посетено на 16 март 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  10. 10,00 10,01 10,02 10,03 10,04 10,05 10,06 10,07 10,08 10,09 10,10 „Прилог 7: Список на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. стр. 2. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 јули 2021. Посетено на 16 март 2022.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 „Листа на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. стр. 1. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 јули 2021. Посетено на 16 март 2022.
  12. „Извештај за стратегиска оцена на животната средина за план за управување со Национален парк Пелистер (2020-2030)“ (PDF). Деконс-Ема. Министерство за животна средина и просторно планирање. август 2020. стр. 90. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 јануари 2022. Посетено на 17 март 2022.
  13. „Прилог 7: Список на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. стр. 3. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 јули 2021. Посетено на 17 март 2022.
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 „Листа на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. стр. 2. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 јули 2021. Посетено на 17 март 2022.
  15. „Програма за развој на југозападниот плански регион 2021-2026“ (PDF). Центар за развој на Југозападниот плански регион. јануари 2021. стр. 65. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 март 2022. Посетено на 16 март 2022.
  16. 16,0 16,1 16,2 „Прилог 7: Список на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. стр. 1. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 јули 2021. Посетено на 16 март 2022.
  17. „Парк на природата Чам Чифлик – непознатата македонска шума над Струмица“. doma.edu.mk. 23 август 2018. Архивирано од изворникот на 13 април 2021. Посетено на 21 април 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]