Гарска Река
| Гарска Река | |
|---|---|
![]() | |
| Местоположба | |
| Физички особености | |
| Устие | Мала Река |
| Должина | 13,2 км[1] |
| Особености на сливот | |
| Течение | Мала Река → Радика → Црн Дрим → Јадранско Море |
Гарска Река — река која потекнува од селото Гари, по кое и го добила своето име. Реката се наоѓа во малореканскиот крај, западна Македонија. Реката заедно со Тресонечка Река ја создава Мала Река, збирно име за сите реки од подрачјето на планините Бистра и Стогово, која подоцна се влева во реката Радика (Голема Река).
Притоки
[уреди | уреди извор]Главни притоки на Гарска Река се реките Валовница, Лазарополска и Ѕвончица, кои ги собираат водите на планината Стогово.[2]
Природен резерват
[уреди | уреди извор]Реката била прогласена за ботанички резерват со решение број 03-167-2/60 издадено од Националниот институт за заштита на спомениците на културата. Со ова решение биле прогласени насадите на див костен долж течението на Гарска Река за ботанички резерват.[3]
Воден потенцијал
[уреди | уреди извор]Реката отсекогаш изобилува со воден потенцијал, кој бил искористуван на различни начини, тргнувајќи од големиот број на воденици и валавница на самата река изградени во селото Гари. Во поново време била изградена и хидроцентрала, која била замислена како проточна, но сепак, никогаш не била ставена во функција.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Проект за изградба на мост на Гарска Река од 1938 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>; нема зададено текст за наводите по иместудија. - ↑ „ХЕ „Бошков Мост"“ (PDF). Електрани на Македонија. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-07. Посетено на 16 ноември 2015.
- ↑ „Список на Прирпдни заштитени зпни и преглед на ппстпјаните акти сп кпи се уредуваат заштитените пбласти и предмети“ (PDF). Цепросард. Посетено на 16 ноември 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Гарска Река на Ризницата ?
