Тресонечка Река

Координати: 41°33′40″N 20°43′45″E / 41.56111° СГШ; 20.72917° ИГД / 41.56111; 20.72917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Тресонечка Река
Местоположба
Физички особености
УстиеМала Река
Особености на сливот
ТечениеМала РекаРадикаЦрн ДримЈадранско Море

Тресонечка Рекарека која потекнува од селото Тресонче, по кое и го добила своето име. Реката се наоѓа во малореканскиот крај, западна Македонија. Реката заедно со Гарска Река, ја создаваат Мала Река, збирно име за сите реки од подрачјето на планините Бистра и Стогово, која подоцна се влева во реката Радика (Голема Река).

Извор[уреди | уреди извор]

Реката извира непосредно над селото Тресонче. До самиот извор постои патека која води од селото.

Реката е понорница во нејзиниот извориштен дел. Понира кај месноста Ќириловец на височина од 1705 метри, додека вистинскиот водотек на реката почнува да се создава од водите на Три Извори.[2]

Притоки[уреди | уреди извор]

Како главни и најзначајни притоки на реката се сметаат Росочка и Јадовска Река, кои ги дренираат водите на југозападните падини на планината Бистра.[1]

Воден потенцијал[уреди | уреди извор]

Реката отсекогаш изобилува со воден потенцијал, кој бил искористуван на различни начини, тргнувајќи од големиот број на воденици и валавница на самата река изградени во селото Тресонче. Реката има голем месечен проток на вода од 1,755 м³с.[1]

Покрај тоа, реката е планирано да биде дел од идниот хидросистем „Бошков мост“, кој се предвидува да биде изграден во овој крај, за што била изработена и соодветна студија од страна на Електрани на Македонија.[1] Студијата предвидува изградба на „Брана Тресонче“ и создавање на вештачко езеро во близина на селото. Со изведување на браната се предвидува потопување на малиот параклис „Св. Петка“ на вливот со Селечка Река, ливадите на вливот на двете реки користени од страна на месното население и старите селски гробишта во близина на сретселото. Воедно, се предвидува дека ќе има и влијанија на двете главни цркви во селото поради големото количество на вода и во моментот на изградба на браната.

ХЕЦ „Тресонче“[уреди | уреди извор]

Изградбата на хидроцентралата возводно од предвидената брана за потребите на хидросистемот „Бошков мост“ завршила во 2013 година и самата хидроелектрична централа била пуштена во пробна работа истата година.[3][4] Објектот се наоѓа во близина на селото, во близина на текот на реката. Централата зафаќа само мал дел од водите на реката и се вбројува во делот на мали хидроцентрали.[5] Изградбата на оваа мала хидроцентрала била од страна на претпријатието „Хидроенерџи груп ДОО Скопје“, со кое Министерството за економија има потпишано три договори за концесија на вода.

Инвестицијата за изведба на хидроцентралата била во вредност од 2,1 милион евра и имала инсталиран капацитет од 1,8 MW.[3] Вкупното годишно производство се очекува да биде 11,7 GW/часови.[4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „ХЕ „Бошков Мост" (PDF). Електрани на Македонија. Посетено на 16 ноември 2015.
  2. Василески, 1997
  3. 3,0 3,1 „Заврши изградбата на мини хидроцентралата на Тресонечка река“. Фактор.мк. Скопје: Фактор.мк. 2 ноември 2013. Посетено на 5 декември 2015.
  4. 4,0 4,1 Тодоровска, Вера (2 ноември 2013). „Мини ХЕЦ на Тресонечка Река пуштена во пробна работа“. Дневник. Скопје: МПМ Македонија. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 5 декември 2015.
  5. Геинг КуК (јули 2011). „Студија за оцена на влијанието врз животната средина и социјални аспекти“ (PDF). Електрани на Македонија. Скопје. Посетено на 22 ноември 2015. Недостасува |author1= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°33′40″N 20°43′45″E / 41.56111° СГШ; 20.72917° ИГД / 41.56111; 20.72917