Солунски санџак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Солунскиот санџак припаѓал на Румелискиот вилает.

Според турскиот попис од 1878 г. во Солунскиот санџак има 55.667 куќи, и машко население: 39.441 муслимани, 126.000 Бугари[1], 13.279 Грци, 1.751 Цигани и 2.862 помаци.

Кон крајот на 18 век и почетокот на 19 век струмичката каза била во состав на Солунскиот санџак.

Во тоа време во Солунскиот санџак имало 119 егзархиски училишта со 133 наставника и 2810 ученика.

Во Солунскиот санџак како училишен инспектор работел Пере Тошев, македонски револуционер и еден од основоположниците на ТМОРО во Битолскиот револуционерен округ и учесник во Илинденското востание од 1903 година.

Согласно Мирцштегските реформи, турската влада била приморана да направи реформи во управувањето со Македонија, според кои Солунскиот санџак им бил доделен на руски офицери.

Кази во Солунскиот санџак[уреди | уреди извор]

  • Солун, Воден, Кукуш, Кепрели (Велес, Струмица и Дојран)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Во пописите кои ги вршела администрација на Отоманската империја се попишувало според верската припадност, при што како Бугари биле попишувани сите оние кои биле под влијание на Бугарската православна црква, вклучително и поголемиот дел од Македноците по етнос.