Словењ Градец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Словењ Градец (словенечки: Slovenj Gradec) е град во Словенија. Тој е административен, стопански и културен центар на Мислинската Долина. Градот се наоѓа меѓу Похорје и Уршља Гора. Во 1989 година, генералниот секретар на ООН го прогласил за Гласник на мирот (Peace Messenger)[1]


Историја[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Културноисториски знаменитости[уреди | уреди извор]

Во центарот на градот се наоѓаат згради од 19 век, а на некои места има остатоци од средновековната тврдина. Посебно се истакнува некогашната општинска зграда во која денес се сместени Корошката галерија на ликовните уметности, Корошкиот покраински музеј и Туристичко-информативниот центар. Најстарата црква во Словењ Градец е Св. Елизабета, која во 1251 година Бертолд Андески ѝ ја посветил на својата роднина св. Елизабета Туринска. Првобитно, црквата била изградена во романски стил, а подоцна била доградувана во готски, ренесансен и барокен стил. Црквата на св. Дух од 1428 година претставува пример на готска архитектура, додека внатрешниот дел е во барокен стил. Во неа се наоѓаат фреските од 1450 година, насликани од Андреј од Отинг. Во стилот на доцната готика е и црквата Св. Панкрациј, која се наоѓа на стариот плоштад, додека црквата Св. Јулија лежи врз остатоци од археолошко наоѓалиште од 9 век.[2]
Сокличевиот музеј располага со збирка од околу 1.500 археолошки и етнолошки предмети, собрани од некогашниот жупник Јакоб Соклич, собирач на историски и уметнички творби. Во 2011 година бил отворен музејот посветен на композиторот Хуго Волф, кој во детството живеел во Словењ Градец. Во околината на градот, во местото Селе, се наоѓаат спомен-собата на Фран Ксаверј Мешко и црквата Св. Рок. На оддалеченост од седум километри од градот се наоѓа готската тврдина Водриж, додека на оддалеченост од 10 километри се наоѓаат римските гробишта „Colatio“.[3]

Природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Спорт[уреди | уреди извор]

Во самиот центар на Словењ Градец се наоѓа спортски центар со вкупна површина од 18.770 квадратни метри, од кои покриената површина опфаќа 1.776 квадратни метри. Исто така, во рамките на спортскиот центар постои стадион, со големина од 100 х 65 метри, со атлетски патеки (осум патеки на 400 метри и шест патеки на 100 метри), како и неколку асфалтни игралишта за ракомет, кошарка и одбојка. Во близина на спортскиот центар се наоѓа летен базен, со димензии од 20 х 10 метри, како и мал базен, со димензии од 6 х 10 метри. Спортската сала во рамките на центарот, вклучува:[4]

  • Игралиште за ракомет, кошарка, две игралишта за одбојка и игралиште за мал фудбал, со димензии од 40 х 20 метри
  • Сала за боречки спортови, со површина од 14 х 14 метри
  • Сала за аеробик, пинг-понг итн., со површина од 21 х 14 метри
  • Фитнес-центар со површина од 71 квадратни метри
  • Карпа за качување, висока 12 метри и широка 4 метри

Традиционални приредби[уреди | уреди извор]

Во Словењ Градец се организираат поголем број саеми, фестивали и свечености, како:[5]

Познати личности[уреди | уреди извор]

Од Словењ Градец потекнуваат или во него живееле повеќе познати личности, како:[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Dobrodošli v Slovenj Gradcu - mestu glasnik miru“. Javni zavod za turizem i šport SPOTUR Slovenj Gradec, 2011.
  2. „Dobrodošli v Slovenj Gradcu - mestu glasnik miru“. Javni zavod za turizem i šport SPOTUR Slovenj Gradec, 2011.
  3. „Dobrodošli v Slovenj Gradcu - mestu glasnik miru“. Javni zavod za turizem i šport SPOTUR Slovenj Gradec, 2011.
  4. „Dobrodošli v Slovenj Gradcu - mestu glasnik miru“. Javni zavod za turizem i šport SPOTUR Slovenj Gradec, 2011.
  5. „Dobrodošli v Slovenj Gradcu - mestu glasnik miru“. Javni zavod za turizem i šport SPOTUR Slovenj Gradec, 2011.
  6. „Dobrodošli v Slovenj Gradcu - mestu glasnik miru“. Javni zavod za turizem i šport SPOTUR Slovenj Gradec, 2011.