Хуго Волф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фотографија на Хуго Волф
Sвезда од Музичкото милје на Виена

Хуго Филип Јакоб Волф (германски: Hugo Philipp Jacob Wolf), (роден во Словењ Градец, на 13 март 1860 – починат во Виена, на 22 февруари 1903), бил австриски композитор по потекло од Словенија, особено е познат и истакнат со неговите соло песни - Песни. Во нив внесува оригинален експресивен музички израз близок до Втората виенска школа, но повеќе индивидуален и различен, особено во техниката[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Неговите родители (Кетрина Ореховник и Филип Вулф) биле со словенечко потекло.

Завршил само основно училиште, а неговиот татко го научил да свири пијано и виолина. Во 1875 година се запишал на Виенскиот конзерваториум, каде што се запознал со неговиот соученик Густав Малер. Најверојатно, на конзерваториумот, многу малку се ангажирал и учел, поради што бил исклучен во 1877 година.

Првиот концерт со негова авторска музика, особено соло песни, го одржал во Словењ Градец во 1877 година. Кон крајот на истата година заминал во Виена каде што и останал до неговата прерана смрт.

По доаѓањето во Виена во 1877 година, во наредните девет години, бил на врвот од својата слава, истакнувајќи се преку бројните солистички концерти и плодната творечка работа особено во оригиналните и впечатливи соло песни.

Во овој период, бил исклучително творечки активен, поради што, доживеал силна ментална и физичка исцрпеност. Бил многу чувствителен, а живеел во екстремна сиромаштија, единствено издржуван од неговиот татко.

Последните неколку години од животот ги поминал во душевна болница, заболен од неизлечив сифилис[2].

Творештво[уреди | уреди извор]

Опери[уреди | уреди извор]

  • Корегридор (1895)
  • Мануел Венегас (недовршена, 1897)

Соло песни[уреди | уреди извор]

  • Мерик соло песни, (1888)[3].
  • Ајхендорф соло песни, (1889),
  • Соло песни - Гете, (1890),
  • Шпанска книга, (1891)
  • Италијански соло песни, (1892, 1896)
  • Соло песни - Микеланџело (1897),
  • Татковината

Инструментална музика[уреди | уреди извор]

  • Гудачки квартет во Д-мол (1878 –1884)[4].
  • Пентесилеа (1883 – 1885)

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]