Прејди на содржината

Фитнес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жена џогира на плажа во Соединетите Држави да ја одржи/подобри нејзината физичка подготвеност

Фитнесот овозможува фантастична можност за одржување на здравјето на телото и духот. Билдерите прават големи мускули со кревање товар, и од масивноста на мускулите понекогаш не можат да трчаат.

Сигурно, во тој спорт има и такви кои сакаат да го успорат зголемувањето на мускулите со користење на потенцијално опасни допинг супстанци, како хормоналните препарати. Прекумерното развивање на телото на денешните билдери не е можно без користење на хемиски супстанци. Определувањето на супстанци притоа се сретнува доста често, затоа што се почесто се стигнува, и не само преку првите билдери до несакани случаи, туку понекогаш и со трагичен епилог. Спортистите во споменатиот случај се доведуваат до критична состојба од која не можат да се излечат. Луѓето веднаш се потсетуваат за починатите билдери, од светска класа како Мохамед Беназиза (1992), Андреа Мунцер (1996) и Ралф Рајхенбах (1998), чија смрт се поврзува со допинг.

Првобитна цел на фитнесот е здрава положба на телото. За да се развие мускулатура, билдерот тренира со тежина, за да се запази здрава работоспособност, во планот за тренирање се вметнуваат дополнителни активности, како што е крос трчање и возење велосипед, а вежбите за растегнување, со цел за да се запази подвижноста и еластичноста на телото, се дополнуваат во секоја добро осмислена билдерска програма. Имено, многубројните различни физички активности, го означуваат планот, и здравата тренирачка шема.

Тренирањето би довело до најдобри можни резултати само кога се надополнува со потребната количина на здрава храна. Поради тоа секој амбициозен билдер интензивно се занимава со прашањата за исхраната. Друг значаен градителен елемент на тренингот за успешно оформување на телото, е одморот. Навистина, добар напредок е можен само тогаш кога во текот на тренингот на телото се даваат доволни фази за одмор.

На крајот, позитивното психичко мислење за тренирањето и често недоволниот режим на исхрана, е значаен дел за успешниот билдер. Секој кој поимот билдер го поврзува само со монотоно подигање на тежината, греши. Фитнесот означува стил на животот кој доведува до одлично здравје, живот и привлечен изглед. Користењето на чудесните можности коишто се предлагаат при правилните тренинзите, вклучувајќи го потребното хранење и потребните одмори се позитивни сигнали за вашето добро здравје.

Добро избраните и илустрирани справи како и методите на одделните фази на тренирање даваат можност секој сам да организира свои тренинзи.