Романска преродба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дел од серијалот за
Историјата на Романија
Грб на Романија
Икона за портал Портал: „Романија

Во ерата на романтизмот како во многу земји од Европа така и во Романија започнало националното будење на романскиот народ за ослободување од османлиска власт. Во почетокот Романците подршка побарале од Руската Империја како заштитник на православните христијани во импертијата, но по присоединувањето на Бесарабија кон руска територија во 1812 година овие надежи им биле намалени. Слични цели имала и Австрија, па блиски сојузници романските интелектуалци започнале да бараат во Западна Европа.

Отстранување на фанариотите[уреди | уреди извор]

Во првите години на 19 век, со Влашка и Молдавија сеуште владееле фанариотите, кои биле зависни од султанот а управувањето на дунавските кнежества го гледале преку лично збогатување. Во 1816 година кнез на Влашка бил Александар Суцу кој во Букурешт пристигнал со повеќе од 800 луѓе, а во Молдавија кнез бил Михаил Суцу. Корупцијата, грабежите и интригите биле секојдневие во политичкиот живот на кнежествата. Поради тоа фанариотите предизвикале незадоволство и омраза во сите слоеви на романското општество.

Во овој период селското стопанство било директно поврзано со феудалните болјари а монополот го спречувал развојот на земјата. Додека на султанот не му била испорачана бараната количина на храна или други стоки, никој немал право да тргува слободно. Од друга страна пак, во двете кнежества имало доста несогласувања и меѓу болјарите и фанариотите. Во 1821 година постоеле три политички сили: фанариоти (грчко население испратено од султанот да управува со земјата), болјари (сакале локално управување под заштита на османлискиот султан или рускиот император) и селаните кои биле најмногу изложени на даноци, угнетување и слично.

Во ваква состојба на кнежествата во 1821 година избувнало востание во Влашка на чело со Тудор Владимиреску, болјарин и учесник во Руско-турската војна (1806-1812). Кон востанието се вклучиле главно селското население а до март 1821 година, нивните сили изнесувале до 60,000 војници. Но кога започнал нападот кон Букурешт, селаните ги нападнале болјарските имоти по кое тие започнале да бегаат кон Трансилванија, а Владимиреску неуспешно се обидувал да воведе ред и своите борби да ги насочи единствено кон фанариотите.

Во април 1821 година неговите сили влегле во Букурешт. Во исто време од Молдавија се движеле силите на Ипсиланти (член на Филики етерија, тајна грчка организација за борба против Османлиите). Османлиските власти сакале од Владимиреску или да се воздржат од борби или да станат сојузници на османлиските сили против етеристите на Испиланти. Целиот хаос завршил со убиство на Владимиреску, распаѓање на неговата армија и разгром на етеристите. Османлиската Империја успеала да го задуши востанието а бил ставен и крај на фанариотското господарство во двете кнежества. По крајот на востанието Русија започнала голем притисок за повлекување на османлиските сили во кое и успеала, а самите фанариоти биле исклучени од сите граѓански и црковни служби и биле заменети со романски. За нов кнез на Влашко бил избран Ѓорѓи Гика, а во Молдавија бил поставен Јон Струдза.

Органски статут[уреди | уреди извор]

Во следниот период започнала нова војна меѓу Руската и Османлиската Империја која завршила со потпишување на договорот од Едрене во 1829 година, според кој двете дунавски кнежества добиле автономија, Портата се откажала од правото за доставување на стоки и храни од кнежествата, двете кнеества добиле право на сопствени сили, султанот бил лишен од правото на монопол во врска со надворешната политика како резултат на кое двете кнежества добиле пристап до европскиот пазар.

Врховната власт била контролирана од руските власти, а за спроведување на нови реформи во кнежествата бил основан т.н. Органски статут за државно уредување на двете земји. Законодавната власт била усполнувана од специјални органи - Дивани на чело со болјарите, а извршната од локалните господари. Така во 30-тите и 40-тите години на 19 век во земјите значително се развило занаетчиството, трговијата. И покрај развојот, во земјата продолжила експлоатацијата на селаните и зависноста од големците. Како главен идеолог за борба против феудалното општество бил Николае Балческу кој поради големиот приситок бил принуден да побегне во Париз каде во 1848 година се вратил во земјата и воден од Француската револуција истата година, организирал слична револуција и во двете дунавски кнежества.

Востанија[уреди | уреди извор]

Молдавска револуција (1848)[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Молдавска револуција (1848).

Во 1846 година во Молдавија било основано тајна органзиација наречена Патриотска асоцијација чија цел била да го собори кнезот Стурдза од власт. По започнувањето на Француската револуција, на 27 март 1848 година во градот Јаш се одржало собрание на околу 1,000 болјари, трговци и учители на кое собрание била испратена петиција до кнезот за реформи и намалување на корупцијата и злоупотребата. Кнезот ги прифатил сите услови но откажал да закаже избори за нови болјари. Поради ова започнале немири во земјата, но поради неединството на опозицијата кнезот успеал да го задуши востанието а голем дел од уапсените ги испратил во Истанбул пред султанот. Но конфликтите продолжиле а самата Руска Империја се плашела дека немирите можат да се префрлат и во Бесарабија по кое следувала заедничка интервенција со молдавскиот кнез и целосно задушување на востанието.

Влашка револуција (1848)[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Влашка револуција (1848).

Управувањето на кнезот Ѓорѓи Бибеску не било подобро во однос на Струдза во Молдавија. Во 1840 година во Влашка била создадена тајна револуционерна органзиација на чело со Николае Балческу кој се обидел на своја страна да ги привлече болјарите и интелигенцијата во земјата. Во 1843 година по неуспехот на претходната, била основана нова револуционерна организација Справедливост и братство, која го иницирала востанието во 1848 година.

Влашката револуција од 1848 година претставува дел од револуциите што се случиле во Европа истата година и е тесно поврзана со неуспешната Молдавска револуција во 1848 година. Главна причина за избувнување на револуцијата бил обидот да се поништи административната политика на болјарските аристократи кои биле под директно влијание на руските власти. Предводени од неколку млади интелектуалци и офицери, движењето успеало со соборување на принцот Ѓорѓи Бибеску и негова замена со привремена влада.

Во земјата станало јасно дека револуцијата може да биде задушена единствено со странска интервенција. Поради тоа во Истанбул бил испратен Јон Гика кој побарал османлиска помош, а во исто време помош била побарана и од Русија. Така на 19 јули 1848 година османлиските и руските сили навлегле на дунавска територија и без поголеми дејствија ја уништиле револуцијата.

По револуцијата[уреди | уреди извор]

По крајот на револуцијата, Влашка и Молдавија биле окупирани од османлиските и руските војски. Окупацијата продолжила до 1851 година, а според договорот од 1849 наместо кнез, во Влашка и Молдавија биле поставени администратори од двете земји. За господар на Влашка бил избран Барбу Штирбеј а на Молдавија Ѓорѓи Гика. Освен тоа бил основан и Диван од болјари чии решенија директно биле потчинети на рускиот и турскиот двор и тоа преку претставители на двете империи во Букурешт. Во времето на Кримската војна двете кнежества биле окупирани од Русија, а во 1854 година од јужните делови на земјата навлегле османлиските сили на Омер Паша, но како резултат од постигнатиот договор меѓу Англија, Франција и Портата, двете кнежества биле дадени на Австрија.

Обединување[уреди | уреди извор]

По крајот на Кримската војна, австрискиот режим станал омразен меѓу населението бидејќи бил потиснат материјалниот и политичкиот живот. Во мировните преговори меѓу Големите сили било одлучено замена на рускиот протекторат со колективен протекторат на земјите кои го потпишале договорот. Во исто време романските емигранти во Париз започнале се појасно да го поставуват прашањето за обединување на двете кнежества. На едната страна застанале Австрија и Османлиската империја заедно со Англија која била во добри трговски односи со Истанбул. Од друга страна била Франција која не сакала Русија да излезе во своите сфери на влијание на Балканот, Медитеранот и Мала Азија како и Русија која проценила дека едно соединување ќе доведе до слабеење на позициите на Османлиите. Најголема улога во обединувањето на двете дунавски кнежества имале емигрантите во Западна Европа, посебно во Франција која не се спротиставувала на обединувањето.

По крајот на конгресот, австриските сили се повлекле од двете кнежества а во 1857 година биле спроведени успешни избори за обединување на двете кнежества. На конвенцијата од 7 август 1858 било изгласено да се зачуваат двете кнежества како одделни но со право да основат заеднички управни органи. Во 1861 година Александар Јон Куза го објавил соединувањето на двете кнежества иако тие сеуште биле вазални на Османлиската Империја. Во 1861 година во османлиската престолнина била свикана меѓународна конференција која го признала официјално соединувањето на двете кнежества под името Романија и како вазална земја на Османлиите била до Берлинскиот конгрес.