Романска војна за независност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот за Романија

Историја на Романија

Coat of arms of Romania.svg
Античка историја

Рана историја
Дакија
Римска Дакија

Среден век

Кнежество Трансилванија
Кнежество Влашка
Кнежество Молдавија
Фанариоти

Преродба

Молдавска револуција
Влашка револуција
Обединето Кнежество
Војна за независност

Кралство Романија

Прва светска војна
Голема Романија
Втора светска војна

Социјалистичка Република Романија

Советска окупација
Романска револуција
Падот на комунизмот
Романија

Портал:Романија

Романската војна за независност претставува војна од 1877 година на сојузничките руско-романски сили против Османлиската Империја. На 4 април 1877 година Русија и Романија потпишале договор во Букурешт за поминување на руските војски преку романска територија а за возврат по војната на Романија и била гарантирана независноста. Така на 12 април руските сили влегле на романска територија.

Позадина[уреди | уреди извор]

На 21 мај 1877 година романскиот парламент на чело со Михаил Когалничану ја прогласил земјата за независно кралство а по еден ден оваа одлука била подржана и од романскиот крал по кое романските власти откажале да го платат годишниот данок на империјата во износ од 914,000 леи.

Конфликт[уреди | уреди извор]

Пред започнувањето на Руско-турската војна, Русите не сакале да соработуваат со романската армија, ниту да ја вклучат Романија во повоените договори. Но кај Плевен руската армија се соочила со силната армија на Осман паша составена од 50,000 војници. Во двата напади руската армија била поразена со големи загуби.[1]. Поради тоа рускиот кнез Николај му понудил договор на романскиот кнез Карол I за вклучување на Романија во војната. Самиот крал бил назначен за главен командант на своите сили.[1][2]. Така романските сили учествувале во третиот неуспешен обид за зазимање на Плевен но по блокадата на градот биле заземени Гривица и Орјахово а по неколкуѕ месеци сојузниците го зазеле и Плевен.

По крајот на битката кај Плевен, романските сили се свртиле кон Дунав и учествувале во битката кај Видин. По повлекувањето на османлиските сили кон јужните делови на Бугарија и склучувањето на примирјето од Едрене војната била добиена. Романија во војната имала околу 10,000 жртви.

По крајот на војната бил потпишан најпрвин Санстефанскиот а потоа и Берлинскиот конгрес по кој Романија добила независност.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 http://www.archive.org/stream/reminiscencesofk00kremiala "Reminiscences of the KING OF ROMANIA", Edited from the original with an Introduction by Sidney Whitman, Authorized edition, Harper& Brothers: New York and London, 1899
  2. The telegram of Nikolai to Carol I (translated in Romanian): "Turcii îngrãmãdind cele mai mari trupe la Plevna ne nimicesc. Rog sã faci fuziune, demonstratiune si dacã'i posibil sã treci Dunãrea cu armatã dupã cum doresti. Între Jiu si Corabia demonstratiunea aceasta este absolut necesarã pentru înlesnirea miscãrilor mele" ("The Turks, massing together the largest army at Pleven, are laying us waste. I ask you to make mergers, demonstrations and if it is possible cross the Danube with the army as you wish. Between Jiu and Corabia this demonstration is absolutely necessary to facilitate my movements.)