Влашка револуција (1848)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Влашка револуција
УчеснициРомански револуционери
Местоденешна Романија
Датум1848
Исходзадушување на востанието

Влашката револуција од 1848 - револуција во Кнежество Влашка против Органскиот статут наметнат од Руската Империја.

Управувањето на кнезот Ѓорѓи Бибеску не било подобро во однос на Струдза во Молдавија. Во 1840 година во Влашка била создадена тајна револуционерна органзиација на чело со Николае Балческу кој се обидел на своја страна да ги привлече болјарите и интелигенцијата во земјата. Во 1843 година по неуспехот на претходната, била основана нова револуционерна организација Справедливост и братство, која го иницирала востанието во 1848 година.

Влашката револуција од 1848 година претставува дел од револуциите што се случиле во Европа истата година и е тесно поврзана со неуспешната Молдавска револуција во 1848 година. Главна причина за избувнување на револуцијата бил обидот да се поништи административната политика на болјарските аристократи кои биле под директно влијание на руските власти. Предводени од неколку млади интелектуалци и офицери, движењето успеало со соборување на принцот Ѓорѓи Бибеску и негова замена со привремена влада.

Во земјата станало јасно дека револуцијата може да биде задушена единствено со странска интервенција. Поради тоа во Истанбул бил испратен Јон Гика кој побарал османлиска помош, а во исто време помош била побарана и од Русија. Така на 19 јули 1848 година османлиските и руските сили навлегле на дунавска територија и без поголеми дејствија ја уништиле револуцијата.

Поврзано[уреди | уреди извор]