Историја на Романија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Романија во стариот век)

Праисторија[уреди | уреди извор]

Дакија[уреди | уреди извор]

Територијата на денешна Романија низ раната историја била на неколкупати населувана од страна на најразлични племиња како Даките, Гетите и голем број на индоевропски племиња. Во 106 година Дакија била заземена од страна на римскиот цар Трајан. Според романските историчари, романскиот етнос настанал се мешењето на Даките и римските колонисти по долината на реката Дунав. Романскиот етнос се создавал паралелно со влашкиот. Постојат мислења според кој романскиот народ настанал со мешење на еленизираните Траки и нивната романизација, Авари, Кумани итн.

Среден век[уреди | уреди извор]

Во 13 век татарските племиња придонеле до слабеење на Унгарија. Во следниот 14 век било создадено Кнежевство Молдавија која станала центар на романската држава Влашка.

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

Стратешката положба на кнежевствата Молдавија и Влашка во долниот тек на реката Дунав и на планинскиот превез на Карпатите овозможувале големи предности при паѓањето им во склопот на Османлиското Царство. Бидејќи се наоѓале на север од Балканот, Влашка дури на почетокот од 15 век а Молдавија на крајот од 15 век станале обврзници да плаќаат даноци на Османлиското Царство, а веќе на почетокот на 16 век биле анектирани. До средината на 19 век, службен јазик во Влашка бил кириличното писмо. Во 1861 година била воведена латиницата.

Независност[уреди | уреди извор]

Со одредувањето на висината на даночната обврска кон султанот и со обединувањето во 1859 година под името Романија кое всушност било овозможено со раскинувањето на мировниот договор од Париз, Романија се ослободила од турското вазалство. Меѓународното признавање на Романија се случило во 1861 година, со референдум кој се одржал пет години подоцна. За прв кнез на Романија бил избран Карл I фон Хоенцолерн-Зигмаринген. За време на Руско-турската војна од 1877 година, Романија била принудена од Русија да ѝ обезбеди слободен премин на нејзините војски преку нејзината територија. Така, Османлиското Царство ѝ објавила војна на Романија. Истата година, на 21 мај Романија објавила независност. По војната и потпишувањето на Санстефанскиот договор, Османлиското Царство ја признала независноста на Романија.

Во текот на Балканските војни, Романија ја принудила на Бугарија да ја предаде Силистра. По ова, Романците навлегле длабоко кон внатрешнноста на Бугарија. Романија излегла како победник и Бугарија била принудена да ѝ ја отстапи Добруџа.

Прва светска војна[уреди | уреди извор]

Романија во текот на Првата светска војна до 1918 година учествувала на страна на Антантата. И покрај помошта која ѝ била дадена од Русија, Романија доживеала пораз од германските, бугарските и турските сили. Поголемиот дел од нејзината територија била заземена од страна на Централните сили. По војната, Романија присоединила области од Руската Империја, пред сè Бесарабија, и од Австроунгарија пред сè Трансилванија.

Втора светска војна[уреди | уреди извор]

Романија во текот на Втората светска војна била на страната на Силите на Оската. Во 1941 година, нејзините војски се приклучиле кон оние на Нацистичка Германија за походот кон СССР односно во Битката кај Сталинград. Бесарабија повторно била вратена на Романија. На 20 август 1944 година започнала големата офанзива на Црвената армија. Капитулацијата на Романија дошла многу бргу по навлегувањето на советските сили.

По војната[уреди | уреди извор]

По крајот на Втората светска војна, Бесарабија била повторно вратена на СССР, од чија територија се создала Молдавска ССР. На 10 декември 1947 година Романската комунистичка партија ја зазела власта во Букурешт. Во 1965 година на чело на државата дошол Николае Чаушеску. Неефективната стопанска политика довела до банкрот на државните резерви. Во 1981 година Романија била определена како некредитоспособна држава.

Падот на комунизмот[уреди | уреди извор]

По паѓањето на Берлинскиот ѕид во 1989 година, во Букурешт избувнале големи демострации за поголеми права и слободи на романскиот народ. Диктаторот Чаушеску, заедно со неговата сопруга Елена биле фатени во бегство и заробени на 25 декември 1989 година. Набргу биле стрелани.

По ова, во Романија била воведена демократијата. Во 2004 година се приклучила кон НАТО пактот. На 25 април 2005, во Луксембург, Романија потпиша договорот за членство во Европската Унија, а во 2007 година пристапила кон унијата.