Прејди на содржината

Обединето Кнежевство Влашка и Молдавија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Обединети кнежевства (1859–62)
Principatele Unite
Романски обединети кнежевства (1862–66)
Principatele Unite Române
Романија (1866–81)
România
1859–1881
Flag of Обединети кнежевства
Flag
Coat of arms of Обединети кнежевства
Coat of arms
Motto: Nihil Sine Deo
"Nothing without God"
Статусде јуре вазал на Отоманското Царство (1859–77)[a]
Главен градЈаш и Букурешт
(1859–1862)
Букурешт
(1862–1881)
Говорени јазициромански
Уредувањеуставна монархија[b]
принц 
• 1859–1866
Александар Јон Куза
• 1866–1881
Карол I
регент 
• 1866
Ласкар Катаргиу
• 1866
николае Голеску
• 1866
Николае Харалампие
Премиер 
• 1862
Барбу Катаргиу (прв)
• 1879–1881
Јон Братијану (последен)
LegislatureПарламент
Сенат
Дом на пратеници
Историја 
24 јануари 1859
• Прва заедничка влада
22 јануари 1862
• Независност од Отоманското Царство[c]
9 мај 1877
• основено кралство
14 март 1881
Површина
1860[d]124.506 km2 (48,072 sq mi)
1880[d]130.434 km2 (50,361 sq mi)
Население
• 1860[d]
4.424.961
• 1880[d]
5.278.531
Валутаромански лек
Претходници
Наследници
Кнежевство Молдавија
Кнежевство Влашка
Добруџа
Кралство Романија
Бесарабска управа
Денес дел од Молдавија
 Романија
 Украина
^ a. De facto independent state.
^ b. 1866 Constitution of Romania.
^ c. Independence internationally recognized in 1878.
^ d. Ethnic and Political Studies.[1]

Обединето Кнежевство Влашка и Молдавија или Романски обединети кнежевства (романски: Principatele Unite ale Valahiei şi Moldovei) е името на романската држава во периодот од 1859 до 1881 година.

Историја

[уреди | уреди извор]
Обединувањето на кнежевствата, Теодор Аман, 1857

По крајот на Кримската војна, австрискиот режим станал омразен меѓу населението, бидејќи бил потиснат материјалниот и политичкиот живот. Во мировните преговори меѓу Големите сили било одлучено замена на рускиот протекторат со колективен протекторат на земјите кои го потпишале договорот. Во исто време романските емигранти во Париз започнале се појасно да го поставуват прашањето за обединување на двете кнежевства. На едната страна застанале Австрија и Османлиското Царство заедно со Англија која била во добри трговски односи со Истанбул. Од друга страна била Франција, која не сакала Русија да излезе во своите сфери на влијание на Балканот, Средоземјето и Мала Азија, како и Русија која проценила дека едно соединување ќе доведе до слабеење на позициите на Османлиите. Најголема улога во обединувањето на двете дунавски кнежевства имале емигрантите во Западна Европа, посебно во Франција која не се спротивставувала на обединувањето.

По крајот на конгресот, австриските сили се повлекле од двете кнежевства, а во 1857 година биле спроведени успешни избори за обединување на двете кнежевства. На конвенцијата од 7 август 1858 било изгласено да се зачуваат двете кнежевства како одделни, но со право да основат заеднички управни органи. Во 1861 година Александар Јон Куза го објавил соединувањето на двете кнежевства, иако тие сѐ уште биле вазални на Османлиското Царство. Во 1861 година во османлиската престолнина била свикана меѓународна конференција која го признала официјално соединувањето на двете кнежевства под името Романија и како вазална земја на Османлиите била до Берлинскиот конгрес.

  1. Europa, Rusia si Romania Ethnic and Political Studies, D. A. Sturdza, 1890 (романски)