Прејди на содржината

Региони на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Регионите на Македонија.

Регионите на Македонија се усвоени во Владата на Македонија во 2007 година, а во Собранието на 29 септември 2009 година. Официјално, Македонија е поделена на осум плански региони, кои служат за статистички, економски и административни цели. Покрај регионите, првостепена административна поделба на Македонија се општините.

Најголем регион по површина е пелагонискиот, кој има и најмногу населени места, околу 343, но се одликува со мала густина на населеност од 50 жители на километар квадратен, додека најмалиот регион, скопскиот има изразито густа населеност од 319 жители на километар квадратен и апсорбира повеќе од една четвртина од вкупното население во Македонија. Руралните општини се доста застапени речиси во сите региони, меѓутоа најголем дел од населението живее во поголемите урбани центри, што упатува на нерамномерна концентрација на населението внатре во регионите.

Полошкиот и југозападниот регион се издвојуваат според високото учество на населението кое живее во руралните средини, додека во другите региони руралните населби се поретко населени[1].

NUTS

Како земја-кандитат за членство во Европската Унија, Македонија (код: MK) е вклучена во тристепената номенклатура на територијални статистички единици (NUTS). Покрај тоа постојат и два нижи степена што се однесуваат на општините и населените места.

Население

Според проценките на Заводот за статистика, населението по региони е[2]:

2010
Регион Население Густина
(жит/км²)
Предлошка:Грбови 153, 858 38.1
Предлошка:Грбови 179, 770 50.8
Предлошка:Грбови 221, 855 66.4
Предлошка:Грбови 172, 858 63.1
Предлошка:Грбови 234, 137 49.6
Предлошка:Грбови 314, 804 130.3
Предлошка:Грбови 175, 045 75.8
Предлошка:Грбови 602, 677 322.4

2011
Регион Население Густина
(жит/км²)
Предлошка:Грбови 153, 822 38.1
Предлошка:Грбови 179, 387 50.7
Предлошка:Грбови 221, 517 66.3
Предлошка:Грбови 173, 056 63.2
Предлошка:Грбови 233, 628 49.5
Предлошка:Грбови 315, 964 130.8
Предлошка:Грбови 175, 266 75.9
Предлошка:Грбови 605, 899 334.2

2012
Регион Население Густина
(жит/км²)
Предлошка:Грбови 153, 659 38.0
Предлошка:Грбови 178, 814 50.6
Предлошка:Грбови 220, 840 66.1
Предлошка:Грбови 173, 187 63.2
Предлошка:Грбови 232, 959 49.4
Предлошка:Грбови 317, 003 131.2
Предлошка:Грбови 175, 442 75.9
Предлошка:Грбови 609, 140 336.0

Поделба

Македонија, според Собранието на републиката, е поделена на осум региони[1].

Вардарски регион

Овој регион се простира во централниот дел на Македонија и го опфаќа средното сливно подрачје на реката Вардар, долните теченија на притоките Брегалница и Црна Река и крајниот западен дел од Овче Поле. Зафаќа површина од 4.042 квадратни километри или 16,2 проценти од територијата на Македонија. Вардарскиот регион го соочинуваат следните општини[1]:

Вардарскиот регион во рамките на Македонија.
  1. Предлошка:Грбови
  2. Предлошка:Грбови
  3. Предлошка:Грбови
  4. Предлошка:Грбови
  5. Предлошка:Грбови
  6. Предлошка:Грбови
  7. Предлошка:Грбови
  8. Предлошка:Грбови
  9. Предлошка:Грбови

Источен регион

Овој регион го опфаќа сливното подрачје на реката Брегалница и зафаќа површина од 3.537 квадратни километри или 14,2 проценти од територијата на Македонија. Источниот регион го соочинуваат следните општини[1]:

Источниот регион во рамките на Македонија.
  1. Предлошка:Грбови
  2. Предлошка:Грбови
  3. Предлошка:Грбови
  4. Предлошка:Грбови
  5. Предлошка:Грбови
  6. Предлошка:Грбови
  7. Предлошка:Грбови
  8. Предлошка:Грбови
  9. Предлошка:Грбови
  10. Предлошка:Грбови
  11. Предлошка:Грбови

Југозападен регион

Овој регион го опфаќа басенот на Охридското Езеро и сливното подрачје на реката Треска, зафаќа површина од 3.340 квадратни километри или 13,4 проценти од територијата на Македонија. Југозападниот регион го соочинуваат следните општини[1]:

Југозападниот регион во рамките на Македонија.
  1. Предлошка:Грбови
  2. Предлошка:Грбови
  3. Предлошка:Грбови
  4. Предлошка:Грбови
  5. Предлошка:Грбови
  6. Предлошка:Грбови
  7. Предлошка:Грбови
  8. Предлошка:Грбови
  9. Предлошка:Грбови
Во март 2013 година општините Вранештица, Другово, Зајас и Осломеј биле припоени кон општина Кичево.

Југоисточен регион

Овој регион ги опфаќа струмичко-радовишката и гевгелиско-валандовската котлина, односно сливното подрачје на Струмичката река и долното сливно подралје на реката Вардар. Неговата површина е 2.739 квадратни километри или 11 проценти од територијата на Македонија. Југоисточниот регион го сочинуваат општините[1]:

Југоисточниот регион во рамките на Македонија.
  1. Предлошка:Грбови
  2. Предлошка:Грбови
  3. Предлошка:Грбови
  4. Предлошка:Грбови
  5. Предлошка:Грбови
  6. Предлошка:Грбови
  7. Предлошка:Грбови
  8. Предлошка:Грбови
  9. Предлошка:Грбови
  10. Предлошка:Грбови

Пелагониски регион

Овој регион ги опфаќа пелагониската и преспанската котлина, зафаќа површина од 4.717 квадратни километри или 18,9 проценти од територијата на Македонија. Пелагонискиот регион го сочинуваат општините[1]:

Пелагонискиот регион во рамките на Македонија.
  1. Предлошка:Грбови
  2. Предлошка:Грбови
  3. Предлошка:Грбови
  4. Предлошка:Грбови
  5. Предлошка:Грбови
  6. Предлошка:Грбови
  7. Предлошка:Грбови
  8. Предлошка:Грбови
  9. Предлошка:Грбови

Полошки регион

Полошкиот регион во рамките на Македонија.

Овој регион ги опфаќа полошката котлина, мавровската висорамнина, планинскиот масив Бистра и долината на реката Радика. Вкупната површина на регионот е 2.416 квадратни километри или 9,7 проценти од територијата на Македонија. Полошкиот регион го сочинуваат општините[1]:

  1. Предлошка:Грбови
  2. Предлошка:Грбови
  3. Предлошка:Грбови
  4. Предлошка:Грбови
  5. Предлошка:Грбови
  6. Предлошка:Грбови
  7. Предлошка:Грбови
  8. Предлошка:Грбови
  9. Предлошка:Грбови

Североисточен регион

Овој регион го зафаќа сливното подрачје на реката Пчиња и Крива Река. Вкупната површина на регионот изнесува 2.310 квадратни километри, што преставува 9,3 проценти од вкупната површина на Македонија. Североисточниот регион го сочинуваат општините[1]:

Североисточниот регион во рамките на Македонија.
  1. Предлошка:Грбови
  2. Предлошка:Грбови
  3. Предлошка:Грбови
  4. Предлошка:Грбови
  5. Предлошка:Грбови
  6. Предлошка:Грбови

Скопски регион

Овој регион ја опфаќа скопската котлина, а неговата површина изнесува 1.812 квадратни километри или 7,3 проценти од вкупната површина на Македонија. Скопскиот регион го сочинуваат општините[1]:

Скопскиот регион во рамките на Македонија.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски