Расковник (митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Во некои делови на Србија, се смета дека ежи се животни способни да го идентификуваат расковникот и неволно да им помагаат на луѓето да го добијат.

Расковник е митско растение кое има моќ да отвори секоја брава. Трагачите по тајните, закопани богатства верувале дека без оваа трева најголемите богатства не можат да се откријат ниту портите до нив можат да бидат отворени. Според некои верувања оваа магична трева ја познавале само некои животни (еж, желка, змија) и единствениот начин да се таа открие било познавање на животинските јазици.

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Гордана Стојковска, „Речник на јужнословенска митологија“, 2004, Издавачки центар Три, Скопје, ISBN 9989-918-97-X.