Албанска православна црква

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Православие во Албанија)
Албанска православна црква
Kisha Ortodokse Autoqefale e Shqipërisë
Печат
ПоглаварАрхиепископ Анастасиј Тирански
Епископи6
Свештеници135
Парохии909
Манастири150
Јазик
СедиштеВоскресенски Собор, Тирана, Албанија
ТериторијаАлбанија и албанската дијаспора
ОсновачТеофан Стилиан Ноли
Независност17 септември 1922[1]
ПризнавањеАфтокефалноста призната во 1937 од Вселенската патријаршија .
Одвоена одВселенската патријаршија
Членови500,000[2]-700,000-800,000[3]
Мрежно местоorthodoxalbania.org

Албанската православна црква (албански: Kisha Ortodokse Autoqefale e Shqipërisë) е една од најновите автокефални православни цркви. Својата независност црквата ја прогласила во 1922 година, а во 1937 година била признаена од страна на Цариградската патријаршија.

Историја[уреди | уреди извор]

Рано христијанство[уреди | уреди извор]

Православната црква во Драч

Христијанството во Албанија прв го проповедал апостол Павле во текот на 1 век. Апостол Павле напишал дека проповедал во римската провинција Илирик, и според легендата тој најпрвин го посетил Драч. По издавањето на Миланскиот едикт, територијата на денешна Албанија станала христијанска.

Распространетост на православните христијани во Албанија, околу 1900 година, засновано на пописите од 1877, 1908 и 1918 година.

Пред земјата да биде освоена од страна на Отоманското Царство, во северниот дел на земјата најчесто се практикувал римокатолицизмот, а на јужниот дел православието. По заземањето на земјата во 15 век, започнала бавната но успешна исламизација на Албанија. Православното население во земјата најмногу било сконцентрирано во јужниот дел од земјата, кај реката Дрим.

Основање[уреди | уреди извор]

Со востановувањето на комунистичкиот режим во Албанија започнал тежок период за верниците. На 4 април 1967 година било забрането какво и да е богослужење, а Албанија била прогласена за атеистичка држава. Во текот на тој период биле разрушени стотици цркви и манастири, клириците биле казнувани со затвор или прогонство, многумина примиле маченичка смрт, меѓу кои бил и архиепископот Висарион и викарниот епископ Аполониски Иринеј. Според законот, за служење литургија свештеникот бил стрелан. Мирјаните биле казнувани со затвор затоа што се осмелувале да ги крстат своите деца. Луѓето биле подложувани на репресии дури и заради чување икони во својот дом. Во резултат на децении жестоко истребување, Православната црква во Албанија била речиси целосно уништена.

Црквата денес[уреди | уреди извор]

Во јануари 1991 година, Цариградскиот патријарх го назначил митрополитот Анастасиј (Јанулатос) за патријаршиски егзарх во Албанија. На 24 јуни 1992 година, Светиот Синод на Албанската Православна црква го избрал за Архиепископ на Тирана и на цела Албанија.

Манастирот Арденица, кај Фиер

Пред Втората светска војна во земјата имало 354 цркви и 300 параклиси, 370 парохиски свештеници, 2 семинарии и 28 манастири. Кога владиката Анастасиј пристигнал во земјата, од свештениците живи биле само 15 и сите тие биле стари и болни. Во земјата не постоел ниту еден манастир. Во првите месеци по доаѓањето на Архиепископот, литургијата се служела под отворено небо, бидејќи немало ниту еден храм со целосен покрив.

Денес во Албанија се ракоположени 4 архијереи, 144 свештеници и ѓакони, во кои живеат 5 манастири, изградени се 85 нови храмови, 75 се возобновени и 150 поправени. Во тркот на независноста биле отворени и 12 православни детски градинки во разни градови, православно училиште во Ѓирокастро и Богословска академија во Драч, дијагностички центар во Тирана, црковна радиостаница со 24-часовна програма, весници и списанија, издаваштво во кое, покрај другото, е преведена и издадена Библијата на албански јазик, создадени се иконописно ателје и реставрационо ателје.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Архивиран примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-16. Посетено на 2009-12-28.
  2. John Anthony McGuckin (28 December 2010). The Orthodox Church: An Introduction to Its History, Doctrine, and Spiritual Culture. John Wiley & Sons. стр. 72. ISBN 978-1-4443-3731-0. Посетено на 8 June 2012. The Orthodox currently represent about half a million faithful, worshipping in 909 parishes.
  3. CNEWA - Autocephalous Orthodox Church of Albania Архивирано на 26 јануари 2008 г.