Прејди на содржината

Фан Ноли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Теофан Стилиан Ноли (1924)

Теофан Стилиан Ноли (подобро познат како Фан Ноли, 6 јануари 1882 - 13 март 1965) бил албанско-американски писател, научник, дипломат, политичар, историчар, оратор и основач на Албанската Православна Црква, а служел и како премиер и регент на Албанија во 1924 година.[1]

Фан Ноли ја предводел Јунската револуција во 1924 година. Тогаш служел како премиер сè додека неговата револуционерна влада не била срушена од Ахмед Зогу по што бил протеран во Европа а оттаму заминал за Америка во 1930 година, каде поднел барање за американското државјанство. Остатокот од животот го поминал како верски водач и писател.

Фан Ноли е почитуван во Албанија како големо име во книжевноста, историјата, теологијата, дипломатијата, новинарството, музиката и националното единство. Тој играл значителна улога во стандардизирањето на албанскиот јазик со бројни преводи не ремек-делата на светската книжевност. Неговиот придонес за книжевноста на англискиот јазик е, исто така, многу значаен, како автор на низа изданија за Скендербег, Шекспир, Бетовен, религиски текстови и преводи.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Ноли бил роден во Албанската заедница на Ибрик Тепе, источна Тракија како Теофанус Стилианос Мавроматис. Како млад Ноли патувал по Средоземјето, живејќи во Атина (Грција), Александрија (Египет), и Одеса (Русија) работејќи како глумец и преведувач. Тој зборувал 13 јазици.

Низ неговите контакти со движењето на албанските иселеници, тој станал силен поддржувач на националното движење и заминал за Бостон во 1906 година со цел да ја мобилизира албанската емигрантска заедница. Во тоа време, во Бостон некои албански христијани биле дел од Грчката православна црква и биле против националната цел. Кога еден грчки православен свештеник одбил да спроведе погребни ритуали за Кристаќ Дишница, член на албанската заедница од Хадсон, Масачусетс поради неговите национални активности, Ноли и една група албански националисти во Нова Англија ја создале Албанската православна црква. Ноли бил назначен како прв човек на црквата во 1908 година од рускиот православен епископ во Америка.

Во 1908 година, Ноли почнал да студира во Харвард, каде што дипломирал во 1912 година. Потоа, тој се вратил во Европа да ја поддржи независноста на Албанците, а во Албанија се вратил во 1913 година. Сепак, повторно се вратил во Америка за време на Првата светска војна, служејќи како водач на албанската дијаспора. Благодарение на неговите дипломатски напори во Америка и Женева, тој ја добил поддршката на претседателот на Америка, Вилсон за независноста на Албанија и во 1920 ја добил поканата за членство во Друштвото на Народите. Иако Албанија веќе ја декларирала својата независност во 1912 година, членството во Друштвото на Народите довело до меѓународно признавање.

Во 1921 година, Ноли влегол на Албанскиот парламент како член на партијата либерална Ватра-водечката либерална партија во земјата. Тој служел кратко како министер за надворешни работи во министерството на Џафер Упи.

Во 1923 бил просветен за епископ на новата промовирана автокефална Албанска православна црква. Ова беше период на судири во земјата помеѓу либералите претставени од Ватра и конзервативците предводени од премиерот Ахмет Зогу. После неуспешен обид за атентат против Зогу, конзервативците им се одмаздија убивајќи го исто така популарниот либерален политичар Авни Рустеми. Говорот на Ноли на погребот на Рустеми беше толку влијателен штоподдржувачите на либералната партија се соединиа и го натераа Зогу да побегне во Југославија (Март 1924). Зогу беше кратко наследен од неговиот очув Шефќет Верлаци, и од либералниот политичар Илиаз Вриони, Ноли беше прогласен за премиер и владител на 17 јули 1924.

И покрај неговите напори за реформи во земјата, програма од дваесет точки на Ноли беше не популарна и неговата влада беше срушена ноќта на Бадник од група која беше лојална на Зогу. Две недели потоа Зогу се врати во Албанија а Ноли избега во Италија затоа што ќе беше казнет со смрт.

Тој пак се врати во САД во 1932 и формираше републиканска опозиција на Зогу-кој веќе бил прогласен за Крал Зог I.В о годините што доаѓаа Ноли продолжи со образувањето,студирајќи а потоа и предаваше Бизантинска музика и продолжи со развојот и промоцијата на автокефалната Албанска православна црква на кое тој даде голем придонес за да се основува. Додека беше во бегство имаше информации за Зогу кој избега од Албанија пред италијанската инвазија во 1939, но Ноли немаше можност да направи еден цврст анти-шовинински и анти-комунистички фронт.

После војната, Ноли воспостави врски со комунистичката влада на Енвер Хоџа кој дојде на власт во 1944. Ноли имаше неуспешни обиди да ја повика американската влада да го признае режимот на Хоџа,но забраната на религијата во времето на Хоџа го оддалечи Ноли од контактите со тамошната православна хиераркија. Антиклерикалниот режим којшто го вметнуваше Енвер Хоџа во Албанија- го разбуди национализмот кај Ноли и епископот им го привлече вниманието на Федералното биро за истражување. Бостонската канцеларија на ФБИ го држеше епископот под истрага повеќе од една деценија без конечна одлука.

На крајот од животот, Ноли се повлекол во Форт лодердејл, Флорида, каде што умрел во 1965 година. Гранките на албанската православна црква со кои управувал Ноли на крајот станале албанска архидиоцеза на американската православна црква. Ликот на Фан Ноли го има во албанската банкнота од 100 леки, пуштени во употреба во 1996 година.

Значење и влијание

[уреди | уреди извор]

Песната „Песна за тревата меѓу нашите ребра или Песна за татковината“ на македонскиот поет Анте Поповски е инспирирана од стихот на Ноли, „... Три меча надолу“.[2]

  1. „Fan S. Noli prime minister of Albania“. Britannica. Посетено на 5 февруари 2021.(англиски)
  2. Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 157.