Антиохиска патријаршија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Антиохиска патријаршија
بطريركية انطاكية وساير المشرق للروم الارثوذك

Основач Апостол Петар
Независност Апостолска ера
Признавање Православие
Поглавар Игнатиј IV
Седиште Дамаск, Сирија
Територија Палестина, Египет, Сирија, Либан, Иран, Ирак, Кувајт, Саудиска Арабија, Израел, САД, Канада, Мексико, Австралија
Власт
Јазик арапски, грчки
Верници 2.000.000
Портал http://www.antiochpat.org/

Антиохиската Православна црква (арапски: بطريركية انطاكية وساير المشرق للروم الارثوذك) е афтокефална црква, која во православниот свет се наоѓа на третото место со ранг на патријаршија.

Во Православните цркви, таа се наоѓа на третото место, веднаш зад Цариградската и Александриската црква. Таа се смета за една од петте древни цркви во раното христијанство. Според преданието, била основена од страна на апостол Петар и апостол Павле во 37 година, во Антиохија. Од 451 година црквата се здобила со ранг на патријаршија.

Од оваа црква произлегле неколку поважни светители како: Свети Јован Златоуст, Јован Дамаскин и Иларион Велики. Антиохиската црква ги опфаќа Сирија, Либан, Ирак, Кувајт и неколку епархии во Европа, Африка и Америка.

Денеска, патријаршијата се наоѓа во градот Антиохија во Турција. Во времето на Римската Империја градот претставувал еден од најголемите христијански центри. Христијанството на овие простори било многу рано присутно. Повеќемина истражувачи сметаат дека во Антиохија се случил еден фундаментален настан поврзан со христијанството, а тоа е пишувањето на Евангелието по Матеј. Во "Дела апостолски" (11: 25-26), за присуството на Апостол Павле и Свети Варнава во Антиохија, пишува: "Во Антиохија, учениците, и тоа за прв пат, беа наречени христијани".

Поврзано[уреди]