Православна црква на чешките земји и Словачка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Православна црква на чешките земји и Словачка
Pravoslavná církev v Českých zemích a na Slovensku (чешки)
Pravoslávna cirkev v českých krajinách a na Slovensku (словачки)
Правосла́внаѧ цр҃ковь че́шскихъ земе́ль и҆ слова́кїи (црковнословенски)
Pravoslavny katedralni chram sv. Cyrila a Metodeje Resslova Praha.jpg
Православен катедрален храм Св. Кирил и Методиј во Прага
КласификацијаПравославие
ПоглаварАрхиепископ Ростислав
Епископи6
Парохии172
Јазикцрковнословенски,
чешки и словачки
СедиштеПрага, Чешка Република
Прешов, Словачка
Територија Чешка
 Словачка
Владенија
ОсновачСвети Кирил и Методиј
Независност1951, 1998
ПризнавањеАфтокефалност призната во 1951 од Руската православна црква и во 1998 од Вселенската патријаршија.
Членови100,000[1]
Мрежно местоМрежно место на чешки
Мрежно место на словачки

Православната црква на Чешка и Словачка (чешки: Pravoslavná církev v Českých zemích a na Slovensku) е автокефална црка и во православниот свет се наоѓа на четиринаесеттото место. Црквата до 1992 година се викала Чехословачка православна црква.

Историја[уреди | уреди извор]

Храм Св. Александар Невски во Прешов

Црквата била основана од страна на браќата Свети Кирил и Методиј во 863 година. Но по нивната смрт, во земјата бил наметнет латинскиот обред од страна на папата. Во текот на 19 век била организирана првата заедница на православните верници. Во 1903 година, во Прага била создадена православна заедница. Во 1920 година била воспоставена парохија под надлежност на Српската Православна црква. На 25 септември 1951 година, српскиот патријарх Димитриј го поставил Горан Павловиќ за епископ на Чешко-моравската епархија.

Во периодот помеѓу двете светски војни, верниците броеле околу 250.000 По крајот на Втората светска војна, православните свештеници и епископи биле масовно прогонувани и стрелани. По војната, во 1946 година, црквата припаднала под надлежност на Московската патријаршија, и во 1951 година за првпат била организирана автокефална Чехословачка православна црква.

На пописот од 1991 година, бројот на верници изнесувал околу 53.000. По распаѓањето на Чехословачка, на саборот било одлучено да се зачува автокефалноста на црквата и името на црквата да се промени во Православна црква на чешките земји и Словачка. Во исто време бил усвоен нов устав, според кој за митрополит на црквата може да биде изберен или архиепископот на Прага или архиепископот на Прешов.

Денеска, на чело на црквата стои Христофор.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]