Плавец мал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Плавeц мал
Plavac mali
Грозје плавец мал
Боја на лушпатацрвена
РегиониДалмација, Хрватска
Винадингач, поступ
Идеална почвакарстна
Особини на виното
На умерено поднебјецрна цреша
На топло поднебјесладок корен, црн пипер, каранфилче
Шише плавец

Плавец мал – сорта грозје, сорта добиена со вкрстување меѓу сортите црљенак каштелански (цинфандел) и добричиќ, примарна сорта црно грозје која се одгледува на далматинскиот брег во Хрватска.[1]

Плавец мал се одгледува и во Македонија[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1980-тите години, погрешно се мислело дека плавец мал бил предок на цинфандел. Во 1998 година при истражувањата за потеклото на цинфандел со ДНК анализа, д-р Карол Мередит од Универзитетот Дејвис, со ургенции од Мајк Гргич (познат винар од долината Напа по потекло од Хрватска) и истражувачите од Универзитетот Загреб откриле дека всушност цинфандел е еден од предците на плавец мал.[3] Другиот предок е една стара сорта позната како добричиќ од островот Шолта која, многу личи на црљенак каштелански.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Името на оваа сорта доаѓа од хрватскиот збор „плав“ (се употребува и во македонскиот јазик како дијалектен збор[4] со значење „син“ и „мал“.

Виногорја[уреди | уреди извор]

Виновата лоза од оваа сорта се наоѓа по далматинскиот брег и островите во Хрватска.

Според Правилникот за реонизација на лозарските подрачја во Македонија [5] плавец мал е препорачана сорта во Скопското, Тиквешкото и во Велешкото виногорје.

Витикултура[уреди | уреди извор]

Плавец мал сака топли локации, многу изложени на сонце и ветровити места.

Вина[уреди | уреди извор]

Вината од плавец мал се одликуваат со богат вкус и со висок процент на алкохол (типично 12%, но и до 17%) и со танини]].[1] Вообичаени вкусови и ароми на овие вина се боровинки, црни цреши, пипер и зачини.

Хрватски вина од ова грозје се дингач, и поступ од полуостровот Пељешац, островите Хвар, Брач, и розето опол.

Македонско вино од ова грозје е „плавец“ од винарската визба Тиквеш.

Консумирање[уреди | уреди извор]

Најчеста препорачана температура за консумирање е од 16 до 18оС[6].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Miquel Hudin (2012), Vinologue Dalmatia, Vinologue, стр. 320, ISBN 978-0-615-23217-1
  2. [ http://vinotika.mk/2016/11/01 кои-се-вински-сорти-грозје-се-одгледув Кои сè вински сорти се одгледуваат во Македонија]
  3. Meredith, Carole, "Looking for Zinfandel in Croatia" Архивирано на 6 мај 2021 г., Zinfandel Express, January 2002.
  4. Плав на мрежното место на ДРМЈ
  5. Правилник за реонизација на лозарските подрачја
  6. Плавец Архивирано на 24 јуни 2018 г. на мрежното место на Тиквеш

Надворешни врски[уреди | уреди извор]