Црвено вино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Црвеното вино е еден вид на вино направено од темните (црни) сорти грозје. Вистинската боја на вино може да биде од интензивна виолетова, типична за млади вина, преку црвена за младите вина и кафеава за постарите црвени вина. Сокот од повеќето пурпурно грозје е зеленикаво-бела. Бојата доаѓа од пигмент наречен антоцијан, кој се наоѓа во лушпата на грозјето. Голем дел од продукцијата на црвено вино вклучува екстракција на боја и вкус од грозјето.

Производство[уреди | уреди извор]

Налевање чаша црвено вино

Обработка на грозје[уреди | уреди извор]

Првиот чекор во производство на црвено вино, по собирањето, вклучува физичка обработка на грозјето. Грозјето се бере рачно или со машина.

Чистење и дробење[уреди | уреди извор]

При пристигнувањето во винарската визба грозјето обично содржи гранчиња и листови. Доколку се остават гранчињата, може да предизвикаат вкусот да биде горчлив, затоа гранчињата и листовите се отстрануваат рачно или механички. По процесот на чистење, грозјето најчесто е смачкано. Мешавината на грозје, лушпа, сок и семки се нарекува шира. Ширата се става во садови направени од челик што не 'рѓосува или од бетон, или од даб, за да ферментира.