Вадитапа

Вадитапа - алатка за вадење плутени тапи од шишиња, најчесто вински. Обичната вадитапа се состои од метална спирала која е прицврстена на дршка. Дршката се притиска и се врти сè додека спиралата не влезе доволно длабоко во тапата, после што се повлекува вертикално нагоре за да се извади тапата од шишето. Дршката најчесто е направена од дрво, а може да има и дополнителни лостови со кои се засилува снагата која се применува на тапата.
Видови вадитапи
[уреди | уреди извор]Крилеста вадитапа
[уреди | уреди извор]
Крилестата вадитапа има два лоста на спротивните страни на спиралата. Овие лостови потсетуваат на крила, по што го добила и името.[1]. Кога спиралата ќе навлезе доволно длабоко во тапата, потребно е само да се повлечат лостовите надолу за да се извади тапата од шишето.
Овој вид на вадитапа е измислен во 1939 година.
Келнерска вадитапа
[уреди | уреди извор]
Келнерската вадитапа може да се склопи како џебно ноже, а името го добила заради популарноста кај персоналот во рестораните и баровите. На едната страна на нејзината дршка се наоѓа потпирач кој се поставува на грлото на шишето. Келнерската вадитапа вообичаено има и ноже со кое се отстранува фолијата или капчето која ја покрива тапата на винското шише.[2]
Оваа вадитапа ја измислил Германецот Карл Винке во 1882 година.[3]
Вадитапа со шилци
[уреди | уреди извор]
Овој вид вадитапа нема спирала, туку два паралелни шилци. Шилците се ставаат меѓу тапата и грлото на шишето, со што се овозможува тапата да се извади неоштетена.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Анатомија вадичепа, Poljoprivreda.info, 12. 10. 2006.
- ↑ Вадичеп:Корак до мирисног вина, enterijer.ba
- ↑ winepros.com.au. The Oxford Companion to Wine. „corkscrew“. Архивирано од изворникот на 2009-02-27. Посетено на 2017-07-24.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Вадитапа“ на Ризницата ? |
- The Virtual Corkscrew Museum
- Corkscrew Museum Архивирано на 4 март 2016 г.
|