Порто (вино)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Порто
10 yr Tawny port.jpg
Винска областрегион Дуро[1]
Географско подрачјеПортугалија

Порто — португалско ликерно темно вино, произведено во североисточна Португалија, по долината на река Дуро.[2].

Главно ова вино е црвено, но исто така се произведува и во бела варијанта. Црвените се направени од сортите Турига Национал, Турига Франка, Тинта Рори, Тинта Барок и Тинта Као, како и белите од Малвазија, Сервисал, Рабигато.

Кога за време на ферментацијата се достигне нивото на алкохол од 6-9%, тогаш 77% неутрален алкохол се додава во сооднос од 1 дел алкохол на 4 дела вино. Алкохолот го убива квасецот и со тоа ферментацијата запира. Добиените вина имаат содржина на алкохол од 18-20% и шеќер од околу 10%.

Портовите вина се поделени во четири главни категории: Vintage (Винтиџ), Ruby (Руби), Tawny (Тавни) и White (Бело). Најстарите португалски компании кои произведуваат Порто вина се: C.N. Kopke (1638); Warre (1670); Croft (1678); Quarles Harris (1680); Taylor Fladgate (1692); Morgan Brothers (1715); Offley Forrester (1737); J.W. Burmester (1750); A.A. Ferreira (1751); Smith Woodhouse (1784). Во денешни времиња водечките производители во Португалија со компаниите: Sandeman; W. & J. Graham; Calem; Cockburn; Croft; Dow; Offley; Taylor; C.N. Kopke.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Porter, Darwin & Danforth Price (2000) Frommer's Portugal 16th ed., p. 402. IDG Books Worldwide, Inc.
  2. Porter, Darwin & Danforth Price (2000) Frommer's Portugal 16th ed. IDG Books Worldwide, Inc.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]