Буке (енологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тркало со описи на букеа

Буке (француски: bouquet) — терцијарен вид на арома што зависи од староста на виното. Поимот потекнува од францускиот збор за китка цвеќиња (букет).

Букето се опишува со наведување на овошје (или предмети!) со својствен мирис, кој треба да го буди вкусот на виното. Толку често можеме да прочитаме дека виното има мирис (арома) на цреши, ноти на мед и јагоди или префинет вкус на тутун или бензин.

Описите не мора да бидат ограничени на однапред дефинирани мириси, важен е субјективниот впечаток[1] што го остава виното. На пример, на луѓето во урбаните средини може да им е туѓ мирисот на косена трева или сеното, но ќе најдат некој друг израз за да го доловат вкусот. Во повеќето случаи, почетниците пронаоѓаат фантастични изрази при опишувањето, бидејќи тие се неоптоварени со утврдени фрази.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. MacNeil 2001, стр. 98–110.