Пичуѓа
Пичуѓа Δασοχώριον | |
---|---|
Координати: 39°53′N 21°49′E / 39.883° СГШ; 21.817° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Гребенски Округ |
Општина | Општина Дескати |
Надм. вис. | 750 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 161 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 51200 |
Повик. бр. | +30 24930 |
Пичуѓа или Пичунгија (грчки: Δασοχώριον, Дасохори) – село во Република Грција, во општината Дескати, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 161 жител.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на околу 6 км јужно од Дескати, 65 км југоисточно од Гребен на надморска височина од 750 м. Географски селото ѝ припаѓа на Тесалија, а административно на Западна Македонија.
Историја
[уреди | уреди извор]За време на Османлиското Царство
[уреди | уреди извор]Селото Пичуѓа се споменува во документи од XV век.[2]
По присоединувањето на Тесалија на Кралството Грција во 1881 година, Пичуѓа останува под власта на Османлиското Царство во рамките на Еласонската Каза. Новата османлиско-грчка граница минува на неколку километри јужно од селото. Според грчката атинска статистика од 1910 година во Писугја (Πισούγια) живееле 210 Грци христијани[3]
Во Грција
[уреди | уреди извор]За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Пичуѓа станува дел на Кралството Грција.
Во 1927 година името на селото е променето во Дасохори.
Демографија
[уреди | уреди извор]Пописи
[уреди | уреди извор]Движењето на населението по години е следното[4]:
- 1913 – 171 жител
- 1920 – 149 жители
- 1928 – 182 жители
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 221 | 256 | 318 | 261 | 273 | 239 | 205 | 161 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Официјално семрежно место на општината Дескати
- ↑ Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Η Μακεδονία : εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι,1910, σ. 114.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје. стр. 127.
|