Чука (Гребенско)

Координати: 39°51′N 21°47′E / 39.850° СГШ; 21.783° ИГД / 39.850; 21.783
Од Википедија — слободната енциклопедија
Чука
Γήλοφος
Чука is located in Грција
Чука
Чука
Местоположба во округот Гребен
Dimos Deskatis - West Macedonia.svg
Координати: 39°51′N 21°47′E / 39.850° СГШ; 21.783° ИГД / 39.850; 21.783
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
ОпштинаДескати
Надм. вис.&100000000000010500000001.050 м
Население (2001)[1]
 • Општ. един.141
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.51200
Повик. бр.+30 24930

Чука (грчки: Γήλοφος, Гилофос; до 1927 г.: Τσούκα, Цука)[2]село на крајниот југ на Егејска Македонија, кај границата со Тесалија. Се наоѓа во општината Дескати, во областа Западна Македонија и се наоѓа мошне близу до самата граница со Тесалија. Според пописот од 2001 г., Чука има 141 жител.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на самата географска граница помеѓу Егејска Македонија и Тесалија. Атарот се протега на вододелницата помеѓу македонската река Бистрица и тесалиската река Пенеј. Самото село се наоѓа на македонската страна на вододелницата, на околу 13 км јужно од гратчето Дескати и околу 75 км југоисточно градот Гребен.

Историја[уреди | уреди извор]

Се претпоставува дека селото е основано во XIII век од албанојазични преселници од Северен Епир (денешна Јужна Албанија).

Во Османлиското Царство[уреди | уреди извор]

Во османлиските записи од 1454-55 г. „Арнаут Чука“ е заведено како село со 47 семејства. Според документите на манстирот „Варлаам“ во Метеора од 1765 г., селото има 42 семејства. Извесно време било чифличко село на Вели-паша, син на Али-паша Јанински.

Со припојувањето Тесалија кон Кралството Грција во 1881 г., новата граница минувала неколку стотини метри јужно од селото, по возвишението Свети Илија. Подоцна, во јужниот дел од атарот е основано селото Нова Чука (во 1963 г. преименувано во Фотино). За неговата погранична положба сведочат и неколку преостанати турски караули од тоа време.[3]

Припојување во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна во 1912 г. селото го окупираат грчки единици, а веќе по Втора балканска војна во 1913 г. станува дел од Грција.

Во 1927 г. името на селото е сменето во „Гилофос“.

Населението низ времето[уреди | уреди извор]

Селото денес[уреди | уреди извор]

Главна црква во селото е „Св. Димитрија“, изградена во VIII век, која има интересни живописи од првата половина на XIX век, зографисана од Василиос Цурхлис. Селска слава е Илинден (20 јули по унијатскиот календар), која се одржува во месноста Свети Илија јужно од селото.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσούκα - Γήλοφος
  3. селски портал[мртва врска]
  4. Портал на Општина Дескати

Надворешни врски[уреди | уреди извор]